Најголемите пресврти на Барса кога Камп Ноу се тресел

Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.

Сите пресврти во историјата на ’Камп Ноу’.

КУП НА УЕФА 1977-78: ИПСВИЧ ТАУН - БАРСЕЛОНА

На студениот 23. ноември 1997 година, на стадионот „Портман Роуд“ Ипсвич предводен од тренерот Боби Робсон од клупата, ја згромил Барселона со 3:0 во осминафиналето од Купот на УЕФА. Головите ги дале Гејтс во 17’, Вајмарк во 62’ и Талбот во 75’, а Кројф и Нескенс со спуштени глави го напуштиле теренот.

Во реваншот, пред преполн ’Камп Ноу’, Барселона се вратила “од мртвите“ и со двата гола на Кројф и еден на Карлес Рексач го однела мечот во продолженија, па пенали. А таму: Уругваецот Амариљо го постигнал решавачкиот пенал во серијата откако голманот Артола бранел фантастично.

РЕКОПА 1978-79: БАРСЕЛОНА - АНДЕРЛЕХТ

Натпреварувањето кое денес го знаеме како Лига Европа, во минатото се викало Рекопа или познато како Куп на Куповите (од сезона 1999/00 Куп на УЕФА). На 18. октомври 1979 година Барса во Рекопа гостувала во Брисел. Пред 35.000 гледачи Андерлехт славел убедливо со 3-0, а головите ги дале ван дер Елс (19’, 71’), Лудо Коек (47’).

Шансите на Барса за пласман понатаму биле минимални, речиси теоретски, но кога на 1 ноември Белгијците истрчале пред 100.000 гледачи занемеле од страв. „Блауграна“ тргнала на јуриш и го израмнила вкупниот резултат 3:0 со головите на Кранкл (2), Ередиа и Зувирија. На пенали Барселона победила 4-1, решавачкиот за делириум на стадионот го постигнал Нескенс.

КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ 1985/86: БАРСЕЛОНА - ГЕТЕБОРГ

Во полуфиналето на КЕШ (денес Лига на шампиони) предводени од легендарниот шведски тренер Гундер Бенгстон, Гетеборг ја понижил Барселона и после 59 минути водел со 3:0 (Нилсон 24’, 4’, Холмгрен 59’).

Во борбата за фамозното финале на КЕШ против Стеауа која го мина Андерлехт, Барселона била пред тежок испит да анулира 3 гола негатива.

Човекот кој бил на клупата на првиот меч, Пичи Алонсо во реваншот заиграл од стартот и со три ефектни гола во 9’, 63’ и 69’ минута и донел на Барселона пенали каде јунак бил Франциско Урутикоечеа кој фатил два пенали.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ: 1993/94 ДИНАМО КИЕВ - БАРСЕЛОНА

Украинскиот клуб е еден од ретките кои два пати ја понижувал Барселона (сетете се на чудесната вечер на Шевченко и Ребров на „Камп Ноу“). Три години претходно, Динамо Киев ја поразил Барса со 3-1 пред 60.000 гледачи. Головите ги дале Шкапенко и Леоненко (2) за Украинците, а Куман од пенал за Барса.

Во реваншот, во „котелот“ на Камп Ноу, Гвардиола, Бакеро, Лаудруп, Ромарио, Куман и Бегиристан биле решени да тргнат на сè или ништо. Со погодоците на Лаудруп и Бакеро, после 18 минути веќе било 2:0 за пеколен делириум на стадионот, но Сергеј Ребров ги оладил со гол во 28’ минута.

По стартот на вториот дел Бакеро во 48’ минута и носи на Барса 3:1 а Куман во 73’ ја запечатува победата.