Таг: пресврт

Лудо финале на Копа Либертадорес - Фламенго славеше со голови во 89 и 92 минута

Во Јужна Америка дефинитивно не може да се одигра мирен, неемотивен меч без напнатост и тензија.Така беше и во саботата вечера, кога за вредниот златен пехар во Копа Либертадорес се судрија титаните Фламенго и Ривер Плејт.

Ако Милан - Ливерпул од Истанбул е епика, што е ова од Германија

Имало мал милион луди фудбалски завршници, ама ова што го направија Ерцгебирге Ауе и Нирнберг во германската втора Бундеслига навивачите на овие два клуба ќе го памтат вечно. Само ќе ви најавиме кратко. Полувремето заврши 0:0.

Партизан се има вратено од 6:2

Ретко кој верува дека Рома може да направи две чуда по ред, ама во историјата стојат и не се забораваат некои луди пресврти. Фудбалерите на Партизан не загубија 5:2 како Рома од Ливерпул, туку 6:2, а на реваншот тепаа 4:0. Се работи за двомеч против КПР во второто коло од Купот на УЕФА во сезоната 1984/1985. Знаете кој го освои? Реал Мадрид.

Најлудиот меч на сезоната се одигра во Германија

Дуелот Келн - Фрајбург од германската Бундеслига за малку ќе се одложеше поради огромни наноси снег но работниците на стадионот „РајнЕнерги“ го спремија теренот, а стартот доцнеше 30 минути. Што се случуваше подоцна е за филм.

Кога Жиру го фрли дресот без да знае дека има продолженија

На денешен ден пред пет години се одигра најненормалниот натпревар во историјата на англискиот Куп. Ридинг после 35 минути игра водеше 4-0 против Арсенал, а ’Топџиите’ успеаа да се вратат на 4-4 и во продолженијата да слават 5-7. Кога завршија регуларните 90 минути на 4-4 Жиру и Кокелан мислеле дека ќе има реванш и ги фрлиле дресовите на нивните навивачи... Па си ги бараа назад да доиграат.

Најлудите 60 секунди во фудбалот

Иако се работи за нисколигашки фудбал во Англија, ова мора да се одбележи. Жолтите имаа предност од 3:1 и во само една минута успеаа да го прокоцкаат како на ракомет. Примија гол, па се посрамотија за 4:2 и потоа примија уште еден. За ова се јадат чакмаци во соблекувална.

Најлудиот пресврт во австралискиот фудбал

До 83 минута гостите водеа 1:4 за потоа да се симне Господ и да донесе поголема лудорија од онаа меѓу Ливерпул и Милан во Истанбул. Замислете да ја имавте двојка на тикет?

Кога Хичкок ќе режира драма во фудбалот

Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.

Најголемите пресврти на Барса кога Камп Ноу се тресел

Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.

Што има во англиска шеста лига никаде нема

Во судиско продолжение: 3 гола, пенал и црвен картон за тотален пресврт во две минути. Дуелот е од шестата англиска дивизија а победник е домаќинот Бат Сити.

Со каков стадион се прости Вест Хем

По 112 години емоции, Вест Хем синоќа се прости од Болејн Граунд, стадионот кој многу значи за источен Лондон. „Чеканите" ќе играат на модерниот Олимписки стадион кого го изнајмија на 99 години.

Кога Ливерпул последен пат освои евро трофеј

На 25. мај 2005. година се случи најневеројатниот камбек во новата историја на фудбалот кога Ливерпул се врати после 0:3 на полувремето со Милан.

Како да се вратиш од 12 разлика за 31 секунда?

Екипата ти губи 12 разлика и има посед на 44 секунди пред крајот. Помирен си со пораз и си бркаш друга работа, несвесен дека разликата на противникот почнува да се топи со неверојатна пресија.

ЛЕ: Сите пресврти на Интер низ историјата

За да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на Европа, фудбалерите на Интер треба вечерва да ја анулираат негативата од 3:1 против Волфсбург. Шест пати на сино-црните им успеало да направат целосен пресврт во европските натпреварувања.

Дали 2-1 е најнезгоден резултат пред реванш?

18 пати во историјата на ЛШ една екипа бранела резултат од 2-1 во реваншот. Јувентус има искуство со оваа предност, која ќе ја штити вечерва во Дортмунд. Старата Дама даваше гол на сите седум претходни средби со „Милионерите“ во минатото.

Охрабрувачко видео за Арсенал и Манчестер Сити

Екипите на Арсенал и Манчестер Сити не извлекоа позитивен резултат на домашен терен на првите осминафинални дуели во ЛШ. Топџиите загубија 1:3 од Монако, а Сити 1:2 од Барса. Овие 5 големи пресврти каде јунаци се Депортиво, Челси, Монако, Манчестер Јунатед и Барселона може да им служат за мотивација.