Тој 25. мај навивачите на Ливерпул почнаа уште од раното утро да се собираат во Истанбул:
Италијанците спремија убава кореографија на стартот од мечот:
Уште во првата минута Малдини ја најави канонадата на Милан:
Убедливата игра на Росонерите во првиот дел ја круниса Ернан Креспо кој му даде два гола на Јержи Дудек за водство од 3-0:
Луис Гарсија и Алесандро Неста водеа голема битка:
Милан го прослави третиот гол во првите 45 минути:
Навивачите на Ливерпул беа во шок и оние кои излегле од стадионот на паузата никогаш не си простиле:
На полувремето Рафа Бенитез направи тактички измени кои донесоа неверојатен пресврт. Наместо стоперот Стив Финан влезе Дитмар Хаман, Ливерпул заигра со тројца во одбраната и засилен среден ред кој му даде простор на капитенот Џерард.
По 9 минути игра, Стиви Џи намали на 1:3 и го даде можеби најважниот гол за подвигот:
Гигантското водство на Милан исчезна за 6 минути. После Џерард гол даде Шмицер, а капитенот на Ливерпул се избори за пенал.
Дида го одбрани пеналот на Чаби Алонсо, но Шпанецот натрча на одбиената топка и израмни на 3:3 за тотален шок на стадионот во Истанбул.
На Милан вечерта не му одеа пеналите:
3:3 во основното време, а во продолженијата Шевченко промаши нешто што тој никогаш не промашува. Излезе сам пред Дудек, шутираше директно во Полјакот кој го спаси својот тим од пораз.
Пред почетокот на продолженијата, Бенитез најмногу го советуваше Џерард:
Во серијата пенали не дојде ред на капитенот на Ливерпул: сè беше јасно по промашуваниот пенал на Шевченко. Дудек беше несовладлив уште и за Сержињо и Пирло.
На крајот Џерард се обидуваше да провери дали е вистина што му се случува:
Ливерпул по петти пат стана првак на Европа:
25. мај Истанбул, Олимписки стадион Ататурк, 69.000 гледачи. Судија: Мехуто Гонзалес (Шпанија).
Милан: Дида, Кафу, Стам, Малдини, Пирло, Сидорф (Сержињо 86), Гатузо (Руи Кошта 112), Кака, Шевченко, Креспо (Томасон 85). Тренер: Карло Анчелоти.
Ливерпул: Дудек, Финан (Хаман 46), Хипија, Карагер, Траоре, Алонсо, Луис Гарсија, Џерард, Рисе, Кјуел (Шмицер 23), Барош (Џибрил Сисе 85). Тренер: Рафаел Бенитез.
Стрелци: Малдини (1), Креспо (39, 44), Џерард (54), Шмицер (56), Алонсо (69). Пенал серија: Сержињо (промашување), Хаман (0-1), Пирло (одбрана на Дудек), Сисе (0:2), Томасон (1:2), Рисе (одбрана на Дида), Кака (2:2), Шмицер (2:3), Шевченко (одбрана на Дудек).