Имаше „Римската волчица“ 1-2 во првиот дел против Лион, но до крај прими три гола и загуби 4-2.
Вечерва, во 25-та сезона на Тоти, Рим за последен пат би можел да го гледа 40-годишниот капитен на еден европски натпревар. Сево ова под претпоставка Римјаните да не успеат во remuntada-та против младиот Лион. На Тоти договорот со Рома му истекува на 30. јуни, тој веќе неофицијално спомена повлекување од теренот, но сигурно е дека повеќе му се игра фудбал отколку да директорува од канцеларија.
Сезонава Тоти одигра 780 минути на 19 натпревари (само на 6 беше стартер) и постигна три гола од пенал и седум асистенции (четири во Лига Европа). Минатиот викенд Франческо ги оидгра последните 15 минути од мечот со Палермо (0-3).
Во 2014-та година капитенот на Рома со 38 години и 59 дена стана најстариот стрелец на гол во историјата на Лигата на шампионите. Денес со 40 години и 18 дена би можел да постави рекорд и во Лига Европа.
Лион добро го памети Il Principe којшто во 1/8 финалето од ЛШ 2006/2007 беше главен во победата на „Жерлан“ (прекрасен гол тогаш даде и Бразилецот Мансини).
Последниот гол на Il Capitano во Европа датира од 2014/2015 кога ја начна мрежата на ЦСКА Москва. Постигнал 38 гола од кои 17 во Лига на шампиони а првиот го дал во сезоната 1995/96 против Андерлехт во Купот на УЕФА.
Рома вечерва игра за пласман во четвртфиналето и за продолжување на одисејата на Тоти.