Петочниот меч меѓу Јувентус и Милан кој заврши 2:1 со пенал во 95-та, разви многу полемики дали судијата требаше да го санкционира или не играњето со рака на Де Шиљо.
Едни тврдеа дека срамота е да се свири пенал во петтата минута од судиското продолжение, а други дека Ромањоли немал намера да игра со рака и бил многу блиску до фудбалерот која нафрлаше од страна.
Истото коло Наполитанците славеа против Кротоне со 3:0, а кога Лоренцо Инсиње беше соборен во шеснаесетникот, навивачите подигнаа транспарент: Пенал за Јувентус. Иронија парекселанс.
Денеска хит на социјалните мрежи е и една фотографија која веројатно потекнува од улиците во Неапол, а тоа е да се биде внимателен на овој ланец, бидејќи ако некој се сопне може да досудат пенал за Јувентус.
Нејсе, муабетот со пеналите во корист на Јувентус е вечна тема за која се јадат навивачите, а влече корени уште од времето на нивниот многу контроверзен директор Лучано Моџи кој по скандалот Калчополи во 2006-та, повеќе не врши никаква функција во фудбалот.
Навивачите на Наполи не се единствени кои удираат силно на оваа тема. Истиот транспарент го направија и навивачите на Рома, а пак на социјалните мрежи нема крај од шеги на сметка на Јуве.
Но статистиката во последните пет сезони не оди во корист на навивачите кои сметаат дека Јувентус е привилегиран за пенали. Можеби изненадувачки најмногу досудиле во корист на Фиорентина, а најмалку против Наполи. Интер добил најмалку пенали, а истовремено морал да брани најмногу.