Аркан, Блатер, Ескобар, Берлускони, Мамиќ...тие се тие

И сега се прашувате што бараат овие “чесни“ момци заедно во наслов. Гол.ком направи листа на топ 20 најконтроверзни претседатели во фудбалот. Друштвото е “ултра скромно“, а од нив дури седуммина се Италијанци.

1. ПАБЛО ЕСКОБАР

Во 1989-та Атлетико Национал стана првиот колумбиски тим кој ја освои Копа Либертадорес, но нивниот успех отсекогаш беше обвиткан со контроверзи бидејќи главен покровител на клубот беше „Кралот на кокаинот“. Тој беше обвинуван за поткуп и заплашувања на судиите кои ја делеа правдата кога играше неговиот тим. Аргентинскиот судија Хуан Бава тврдеше дека му се заканувале со пиштол во пресрет на полуфиналето против Данубио. Ескобар беше убиен во престрелка со колумбиската полиција во 1993-та.

2. ЖЕЉКО РАЖНАТОВИЌ

Еден од најозлогласените воени лидери во поранешна Југославија беше на чело на ултрасите на Црвена Звезда, а после војните влезе во фудбалот. Аркан стана газда на второлигашот Обилиќ во 1996-та и за две години ги направи шампиони на Србија, но имаше наводи дека противниците биле подложни на закани. Како резултат на тоа Аркан му го отстапи клубот на неговата жена, славната Цеца. Во времето кога беше убиен во 2000-та, се соочуваше со 24 обвиненија за злосторства против човештвото за време на распадот на Југославија.

3. ХОЗЕ ГОНЗАЛО РОДРИГЕЗ ГАЧА

Претседателот на колумбискиот клуб Милонариос, Фелипе Гаитан предложи клубот да се откаже од две титули во домашното првенство кои ги освоија во 1987-та и 1988-ма. Зошто? За да се дистанцира од сомнителното минато во кое беа финансирани од страна на Хозе Гонзало Родригез Гача. “Ел Мексикано“ беше главен акционер за облеката Богота, но и еден од најмоќните наркодилери во светот, клучен човек во картелот Маделин. Неговото влијание во фудбалот заврши во декември 1989-та кога загина во престрелка со колумбиските воени сили.

4. СЕП БЛАТЕР

Швајцарецот беше на чело на ФИФА 17 години, период во кој фудбалската игра несомнено доби на важност повеќе и надвор од Европа. Но сепак неговото работење беше проследено со наводи за финансиски нерегуларности и беше принуден да поднесе оставка кратко време по обезбедувањето на петтиот мандат среде најголемиот корупциски скандал. Блатер се залагаше жените во фудбалот да носат пократки шорцеви и ги советуваше хомосексуалците да се воздржат од секс за време на Мундијалот во Катар 2022.

5. ХЕЗУС ГИЛ

Поранешниот градежен магнат беше осуден на 5 години затвор за неговата улога во пад на зграда што резултираше со смрт на 58 луѓе, но по 18 месеци беше ослободен. Тој беше познат по неговите десничарски ставови, а помина 16 години како прв човек на Атлетико Мадрид. Постојано отпушташе тренери, а најголемата грешка во историјата на клубот е тоа што ја затвори младинската академија, што доведе Раул од Атлетико да замине во Реал.

6. СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ

Зборуваат за Милан на Саки, Ѕакерони и Анчелоти, а никогаш не зборуваат за Милан на Берлускони, се пожали поранешниот италијански Премиер во 2004-та. 18 години го собирам тимот, ги создавам правилата и купувам играчи, а се чини дека не постојам. Никој не може да го спори успесите за време на неговото 30 годишно владеење со Милан, но ниту да се заборават неговите изјави со расизам и мизогинија, како и обвиненијата за сексуалните скандали.

7. РОБЕРТ МАКСВЕЛ

Чешкиот медиумски магнат кој го спаси од банкрот Оксфорд Јунајтед во 1982-ра, го однесе третолигашот до прва лига за само три години, а потоа успеа да ги шокира сите со триумф во Лига Купот. Максвел исто така се обиде да го презеде Ридинг, што создаде бес и кај двете навивачки групи, а во 1987-ма беше обвинет дека е шпион за Мосад. Најозлогласен стана откако украде 400 милиони фунти од групација на весници кои ги поседуваше.

8.ЗДРАВКО МАМИЌ

Се работи за највлијателниот човек во хрватскиот фудбал кој беше 13 години директор на Динамо Загреб се до февруари минатата година. Освен по трансферите, Мамиќ беше познат и по кавгите со новинарите и тоа пред вклучени камери. Кога навивачите го изразуваа незадоволството од неговиот однос како и нацистичкиот поздрав по една победа, тој им одговори: Ќе одам да го ставам Јутјуб на кур.

9. Жоао Авеланж
10. Лучано Гаучи
11. Џиџи Бекали
12. Серџо Крањоти
13. Масимо Челино
14. Луис Николин
15. Маурицио Ѕампарини
16. Владимир Романов
17. Жозеп Луис Њунес
18. Кен Батес
19. Сем Хаман
20. Аурелио Де Лаурентис

За сите посебно клик тука