ЕЛЕМ убедлив во дуелот со Сава Осигурување

ЕВН и ЕЛЕМ ги декласираа екипите на Сава Осигурување и Раде Кончар во првиот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕЛЕМ убедлив во дуелот со Сава Осигурување
Сава Осигурување 1-11(1-4) ЕЛЕМ
Сава Осигурување: Данило Апостолоски 19’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 2’ Синиша Ковачевиќ 7’ 24’ 40’ Пеце Соклевски 10’ 29’ Влатко Петровски 17’ 38’ 39’ Павле Маџовски 27’ Александар Бокан 32’
Четиринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Сава Осигурување и ЕЛЕМ.

Екипата на ЕЛЕМ иницијативата ја имаше во текот на целиот натпревар. Уште на самиот старт наметна висок ритам и во свој препознатлив стил успеа да стекне резултатска предност која на полувремето изнесуваше 1-4. Во второто полувреме ЕЛЕМ продолжи во ист ритам на кој екипата на Сава Осигурување не можеше да најде против игра. Во текот на целото второ полувреме ЕЛЕМ од минута во минута ја зголемуваше предноста со што не и остави простор на Сава Осигурување да се врати во натпреварот кој го загуби со 1-11.

ЕВН супериорен во дуелот со Раде Кончар
ЕВН 10-0(3-0) Раде Кончар
ЕВН: Томи Илиевски 7’ 29’ 30’ Вилијам Митев 10’ 11’ 31’ 39’ Бојан Симоновски 23’ Жарко Пунтевски 40’ Дејан Китановски 40’
Раде Кончар:

Екипата на ЕВН одлично го отвори вториот натпревар од 14 коло. Во текот на целото прво полувреме играа костантно добро пред се во делот на нападот каде што се истакнаа со одлична реализација не давајќи му на Раде Кончар да постави против игра па на полувремето заминаа со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на ЕВН ја засили играта во нападот стекнувајќи недостижна предност која на крајот изнесуваше високи 10-0 кои ги постави Дејан Китановски.

14 март 2017 - 16:17