Во атрактивен фудбал Македонски Телеком подобри од Адмирал

ЈСП, Македонски Телеком и Оне.Вип се победничките екипи во третиот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЈСП со голман играч до победа над Гранит
ЈСП 5-3 (3-2) Гранит
ЈСП: Марјан Србиновски 1’ 18’ 37’ Велко Серафимовски 4’ 37’
Гранит: Дарко Стојановски 3’ Сашо Каровски 20’ 24’

Екипата на ЈСП преку Србиновски за нецела минута успеа да дојде до водство од 1-0 во дуелот со екипата на Гранит. Ваквиот влез во натпреварот и дозволи на екипата на ЈСП да се разигра и направи предност која екипата на Гранит во текот на целото полувреме се трудеше да ја анулира но не успеа во тоа па на полувремето ЈСП отиде со минимална предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на Гранит играше одлична одбрана преку која успеа да го запре налетот на ЈСП што им влеа самодоверба. Во продолжението Гранит преку контра напад успеа да го израмни резултатот со што на само 5 минути од крајот на натпреварот се влезе во егал завршница. Eкипата на ЈСП беше приморана во своите редови да внесе голман играч како одговор на цврстата одбрана на Гранит што вроди со плод па со два гола во низа успеа резултатски да се одлепи и да го добие овој натпревар со 5-3.

Во атрактивен фудбал Македонски Телеком подобри од Адмирал
Адмирал 4-6 (0-0) Македонски Телеком
Адмирал: Александар Лазаревски 24’ 36’ Горан Грковиќ 25’ Стефан Серафимовски 34’
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 30’ Михајло Лазаревски 30’ 34’ 40’ Стефан Наскоски 37’ 38’

Екипите на Адмирал и Македонски Телеком слободно можеме да заклучиме дека го одиграа натпреварот на колото. Во првото полувреме и двете екипи имаа целосен акцент на играта во одбрамната не дозволувајќи отворени шутови за гол. Во текот на целото полувреме имаше притисок во прва линија и на двете страни па тешко се доаѓаше до добро изработен напад за што кажува резултатот на полувремето од 0-0. Во второто полувреме и двете екипи тргнаа мошне офанзивно и во отворен фудбал, се играше чисто и гол за гол и ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Ваквата игра беше траеше се до 37та минута кога екипата на Македонски Телеком беше по присебна и направи целосен пресврт благодарение на Лазаревски и Наскоски преку кои дојде до победа од 4-6.

Мартин Ангеловски со звукот на сирената му донесе победа на Оне.Вип во дуелот со Факом
Оне.Вип 3-2 (1-1) Факом
Оне.Вип: Филип Ицковски 11’ Мартин Ангеловски 34’ 40’
Факом: Боро Мисердовски 10’ Бобан Китановски 26’

Крајно израмнет натпревар одиграа екипите на Оне.Вип и Факом и двете екипи во текот на целото прво полувреме водеа израмнета борба играјќи доста динамичен фудбал во кој преовладуваше борбеноста. Во првото полувреме и на двете страни падна по еден гол благодарениа на Ицковски кај Оне.Вип во 11 минута и Мисердовски кај Факом во 10 минута па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и беше крајно неизвесно и израмнето се до буквално последната секунда кога екипата на Оне.Вип преку Ангелковски успеа да дојде до водство и победа од 3-2. На ова претходеше и одлична одбрана на Удовалиев од Оне.Вип кој спаси стопостотна шанса за гол.

16 март 2017 - 09:13