Најлудиот пресврт во ЛШ раскажан од неутрален италијански навивач

Дечкото уствари навива за Јуве, тимот кој пред две години загуби во финале во ЛШ од Барса, но тоа не му било пречка до рано сабајле да биде дел од големото славје во центарот на Барселона. Не планирал да оди на Камп Ноу, ама сепак пресуден бил веројатно неговиот прекар.

Ќе ви раскажам една приказна.

Се викам Алесио, живеам во Барселона и како многу луѓе во овој град го сакам фудбалот.

До толку го сакам што првата помисла кога одам во некој град е да одам да им го видам стадионот. Мојата омилена боја е зелената, онаа на која се игра.

Другарите ме викаат г`злак, ем затоа што има задник со апсурдни димензии, ем затоа што имам посебна среќа и токму мојата среќа ми помогна да бидам дел од историја.

Среда 8 март изгледаше ден како и сите други, си ветив дека ќе одам да гледам тест на Формула 1 во Каталонија, но станав доцна и го пропуштив.

Потоа решив да се прошетам низ град и секаде се зборуваше истото: "la remuntada".

Сите зборуваа за тоа: деца, возрасни, туристи, госпоѓи. Градот беше опседнат со мечот кој се играше на Камп Ноу од 20:45.

Пред првиот меч им фрлив око на цените на билетите, но откако го видов срамниот пораз на Паркот на Принцовите, ја баталив идејата да одам на реваншот.

Атмосферата и последните натпревари на Барса ветуваа. Запознав двајца Мексиканци и една Колумбијка кои ми рекоа дека се дојдени во Барселона само за мечот.

Имаше уште два часа и 30 минути, бев во фаст фуд и видов дека некои карти се продаваат за 108 евра. Ги прашав другарите што мислат, а тие ми рекоа: Не биди глупав, оди, на крајот на краиштата парите се само парче хартија.

Ги отерав по ѓаволите, не сакам да давам толку пари, но нивните зборови ме убедија. Одам да купам карта и благодарение на мојата г`злачка среќа, успеав да најдам билет од 84 евра, најевтиниот и единствениот по таа цена.

Го купив како знак на судбина на два часа пред стартот со надеж дека ќе гледам нешто епско.

Влегувам внатре и од многу врева се мачев да го слушнам тој што седеше до мене, како се забавувал на финалето во Берлин кога Барселона го победи мојот Јувентус.

Мечот тргна одлично, Барселона тргна силно и се пресели на половината на ПСЖ. По 45 минути беше 2:0 и толку надежната “remuntada“ почнува да зема замав. На 3:0 веќе тоа стана реалност, па дури и јас почнав да навивам за Барселона и да верувам во пресврт.

Во тој момент пристигна студен туш. Единсон Кавани, Ел Матадор, фудбалер кој го сакам, ги замрзна оние скоро 100.000 на Камп Ноу. Едни го напуштаа стадионот, а другите свесни колку пари потрошиле за карти, продолжија да го бодрат клубот.

Недостасуваа 10 минути до крај, изгледаше дека сè е загубено, но слободниот удар на Нејмар внесе една мала надеж. Недостасуваа 2 минути до истекот на регуларните 90, но недостасуваа и 2 гола.

По една минута пристигна пеналот на Суарез, а стадионот полуде.

Сите почнаа да веруваат и на 5:1 кога имаше уште 5 минути судиско продолжение, никој повеќе не можеше да седи. Ситуацијата беше напната и возбудлива и сите веруваа дека може да се испише историја.

На една минута до крај во еден напад, ногата ја постави Сержи Роберто, играч кој Барса го има во крвта, играч кој влезе од клупа, играч на кој му било судено да испише една неверојатна историја за фудбалот.

Барселона испиша историја и докажа дека сè е можно, а јас благодарение на тие глупаците од другари кои ме убедија, посиромашен сум со пари, но можам да кажам дека присуствував на нај неверојатниот пресврт во историјата на фудбалот.

П.С. Сега е 4:30 наутро и дури сега се вратив од славјето во центарот на градот и мислам дека една ваква историја треба да биде сподолена со тие што ја имаат истата болест/страст за најубавиот спорт во светот.

14 март 2017 - 10:37