Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Вардарци го загубија и вториот меч во низа од Кјелце, ама ЕХФ го величи човекот кој и на 37 години не престанува да прави магии со топка. Уживајте во најновата која не е од оние со вртена, во изведба на најдобриот стрелец на Вардар во ЛШ со 532 гола.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Ракометарите на Вардар не можеа да посакаат поубав кам бек на паркетот после сите перипетии со коронавирусот кој им „скина“ два меча од распоредот. Одиграа како во најдобрите денови и го декласираа германскиот состав кој допатува во Скопје непоразен со три од три.
РК Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лига каде вечерва во Задар игра полуфинале против Загреб, а тронот не го даваат ниту на социјалните мрежи каде се највлијателни. Од СЕХА лигата круната му ја доделија на Циндриќ, па Карачиќ, а оваа година на Тимур. Сè вардарци и во оваа конкуренција.
Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.
Пред точно 12 месеци, на денешен ден Вардар направи сензација, откако на полувреме губеше со седум голови негатива, па во вториот дел се врати и оствари историски триумф против моќната Барселона во полуфинале на Лига на шампиони.
Откако Пари Сен Жермен израмни преку Даниел Нарсис во финалето на Лига на шампиони во 2017-та, на Вардар му останаа само седум секунди да проба да направи сензација.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.
Европскиот шампион е на прагот од директен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони откако и во 10. рунда од групната фаза го прегази Кристијанштад 31-15 (14-8).
Во разговор за порталот „Независне“ од Бања Лука најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите кој наскоро ќе го даде и 1.200-от гол во елитното друштво дава интересни одговори.
Актуелниот европски првак уште еднаш сезонава докажа дека е тешка тврдина за освојување. Вардар игра импресивна сезона во која сè уште останува единствена екипа без пораз во Лига на шампионите.
Европскиот шампион остана најдобрата екипа во Лигата на шампионите откако ја забележа и осмата победа во деветтото коло. Совладан Рајн Некар со 30:26 (17-13).
Ракометарките на Вардар дефинитивно фатија залет кон европската круна откако вечерва ја забележија и шестата победа на шест меча. Совладан Турингер 29-21.
Избраниците на Раул Гонзалес продолжуваат со доминација во Лигата на шампионите откако вечерва ја прославија и шестата победа на седум меча и без пораз се лидери во Групата А.
Актуелниот првак на Европа продолжува да гази во групата А од Лигата на шампионите и по 6 кола не го дава врвот на табелата. Избраниците на Раул Гонзалес, за кој деновиве се потврди дека по крајот на оваа сезона заминува во ПСЖ, имаат скор од 5 победи и едно реми.
По триумфот над ФТЦ Будимпешта дома и Турингер на гости, ЖРК Вардар стигна до 3 од 3 во новата сезона од Лигата на шампионите. Ина Суслина ги пушти пипците како октопод и го заврши мечот со 17 одбрани.
Овој Вардар изгледа досадно колку е добар. Овој Вардар изгледа гладен како ништо да не освоил. Овој Вардар не се грижи, ни кој го гледа, ниту зошто го гледа и е фокусиран на совршенство. Овој Вардар ја живее таа лекција дека во спортот не постои вчера...
Европскиот шампион продолжува да ги пишува најубавите страници од својата историја - вечерва во Скопје со 27-24 (16-12) ја победи славната Барселона во 5. коло од групната фаза на ЛШ и сега е сам на врвот.
По трите победи во воведните три кола, Европскиот првак не успеа да го одржи максималниот бодовен учинок во Лигата на шампионите. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа натпревар под своето ниво, но успеаа да останат непоразени. Дибиров имаше меч топка за победа.
Ракометарките на ЖРК Вардар со триумф ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионките. Блесок на новото засилување Драгана Цвијиќ која летово дојде од Будуќност како шести најскап трансфер.