Ни прв пат, ниту стоти пат, него кој знае кој, Арпад Штербик брани 15 топки, а имате впечаток дека фатил двојно повеќе. Човекот не го спушта своето ниво од времето кога пред 20 години се појави на сцена во дресот на Југовиќ. Потоа и 5.500 страствени навивачи, кои мораа да ја потсетат Барселона дека живеат во градот на европскиот шампион.
Вардар и Скопје доживуваат едно време за кое ќе се зборува некогаш. Животот е сепак толку брз, што ние тоа и не го разбираме и обичниот човек не треба премногу да замерува. Но кога веќе ги трошиме своите животи за глупости, покрај тоа од што и за кого живееме, секоја недела гледаме 10 часа разноразни натпревари, читаме еден тон глупости привлечни за кликови, дишеме од милионите на Нејмар, тогаш веројатно треба еднаш во 2-3 недели да сфатиме дека имаме привилегија сите тие „wanna be“ приказни да ги преточиме во свое животно искуство.
Што би дал Загреб да има таков тим, но нив и на тој што го има им доаѓа публика од 6-7.000 навивачи на најнеатрактивните натпревари од Лига на шампиони. Што би дал ракометниот свет во Србија да има клуб кој може да ја победува Барселона во Белград, кој последниот фер ракометен меч го видел пред точно три години кога Црна Гора гостуваше во Пионер?
Затоа постојат 100 кошаркарски тимови во Евролига и по правило со најмалку од 7.000 до 22.000 луѓе на натпревар. Жељко Обрадовиќ вели: Кога дојдов во Фенербахче, една од задачите беше популаризација на кошарката. Минатата сезона продадовме 4.000 сезонски билети, а оваа можевме и цела сала, но застанавме на 8.000 за да оставиме малку карти за студенти и деца. Нашата мисија успеа.
Премногу брзо се премина во фазата „па тоа е нормално“ и се заборави дека истиот тој Вардар до пред само 5-6 години служеше како “сигурна куќа“ за германските и шпанските клубови во европските купови.
Разбирливо е дека дел од луѓето на спортските успеси гледаат низ национално-политичка призма, дека допирот на небото и аеродромската писта по слетувањето од Келн беше врв на искуството кое може да го доживеат.
Навивачите стојат во одбрана и покрај фактот што само еден Македонец, момчето од скопскиот асфалт, Стојанче Стоилов стои на браникот на најголемиот македонски бренд.
Како последно, што е најбитно за спортот, најважно е чувството што Раул Гонзалес може сè да повтори пред да замине. Што би рекол Марко Пантелиќ: Градот е голем, а светлото силно. Овој Вардар изгледа досадно колку е добар. Овој Вардар изгледа гладен како ништо да не освоил. Овој Вардар не се грижи, ни кој го гледа, ниту зошто го гледа и е фокусиран на совршенство. Овој Вардар ја живее таа лекција дека во спортот не постои вчера...
А за утре ќе се погрижи Металург. Погледнете ги и тие деца. Изненадуваат секој ден, сè повеќе, сè додека и тоа не стане нормално.