Без Криштопанс и Павел Атман, едни од најдобрите играчи во екипата, кој пред неколку дена го напуштија црвено-црниот брод, одговорноста ја презеде Сташ Кубе кој одигра историски натпревар.
Предводени од новиот тренер Стевче Алушовски, Вардарци освоија исклучително важни бодови и сега се 5-ти во групата Б со 11 бода.
Во салата „Јане Сандански“, Вардар го отвори мечот со страшна серија од 4-0. Носени од громогласната публика, ракометарите одиграа гранитна одбрана и уште поефикасен напад.
После 10 минути игра Вардар во своја корист имаше предност од 5 гола разлика (8-3) а истите +5 стоеа на семафорот и по 18 поминати минути.
Потоа следеше мал пад во играта кога Мотор се врати на 11-10 но искусниот Алушовски викна тајм-аут за да ги смири своите избраници.
На паузата Вардар отиде со огромни 16-11, предност која ќе ја прифатеа со две раце пред мечот.
Во втриот дел Марко Кизиќ, младата надеж на македонскиот ракомет бранеше одлично и беше меѓу позаслужните што Вардар отиде на недостижни 24-15.
На крајот 38-28 за тимот кој долги месеци игра и тренира без заслужената надомест.
Со овој триумф Вардар има 11 бода, 1 повеќе од Порто на кого му гостува на 22 февруари. Вардарци се веќе во осминафиналето само е важно од која позиција ќе тргнат таму. Многу голема помош на тој пат имаа по триумот на Монпеље над Мешков Брест.
Најефикасен и најдобар играч на мечот беше Скубе со осум гола од осум обиди. Чупиќ даде шест, Горбок пет, а Кизиќ запиша 9 интервенции.
Фото: Екипа.мк