Ларвик важи за бренд на норвешкиот ракомет и тим со 19 првенствени титули од 1994-та до денес, како и 13 во последните 13 сезони, но за разлика од порано кога сееше страв во европскиот женски ракомет, сега наликува на потпросенечен тим.
Избраничките на Дибирова целосно ја оправдаа фаворитската улога и само се прошетаа во ова трето коло, а најдобар доказ за тоа е конечниот резултат од 19:31, што е највисока победа за Вардарки оваа сезона во ЛШ.
Единствениот дел од мечот кој може да се нарече дека донесе неизвесност, беа воведните 23 минути кога на семафорот стоеше 9:9, како и во првите 8 минути кога домаќинките изненадувачки имаа +3.
Сè останато до крај беше само една рутина за македонскиот шампион кој во ниту еден момент не му дозволи на противникот да ја стопи високата предност.
Во последните 7 минути од првиот дел Ларвик не можеше да го погоди голот, бидејќи бранеше феноменалната Суслина. Вардарки тоа го наградија со серија од 7:0 и на пауза заминаа мирно со предност од 9:16.
Во вториот дел ниту еднаш не паднаа под 7 гола предност и со постојано диктирање на играта само ја зголемуваа предноста која во 51-ва стана двоцифрена.
Перфектен меч за Сара Ристовска која имаше 6/6, а ист број на голови постигна и Пенезиќ. Андреа Лекиќ постигна 5 гола, а Суслина блесна со 17 одбрани.
Во 4. коло од ЛШ кое се игра на 4 ноември Ларвик доаѓа во Јане Сандански.