Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на убедлив начин го совладаа Голден Стејт, ја забележаа осмата победа во Плејофот на домашен паркет и намалија на 2-1 во финалната серија. Доминација на Леброн Џејмс и Ирвинг.
Во претпоследното коло од женскиот фудбалски шампионат на Шпанија, Атлетик Билбао го победи Овиедо со 3:0 а нивниот главен конкурент Барселона загуби 0:1 од Атлетико Мадрид. Билбао така се одлепи на 4 бода на коло пред крајот и ја осигура титулата.
Во случај Велика Британија да излезе од Европската Унија, многу последици би можел да трпи и англискиот фудбал чијашто Премиер лига се смета за најпопуларна во свет. Кои се причините?
Шпанија, Германија, Франција и Англија се селекциите со најголема вредност на Европското првенство, а во топ 4 највредни фудбалери влегуваат Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Роберт Левандовски и Томас Милер.
По неуспехот во квалификациите за Светското 1994 во САД, Франција реши да тргне од нула и ја создаде најсилната репрезентација во историјата на оваа земја. Шарен состав со одлични фудбалери кои денес имаат необични професии.
Поради сериозни обвинувања за местење натпревари, УЕФА покрена истрага против Скендербег од Корча, албанскиот првак, а синоќа донела одлука да го исфрли од квалификациите за Лигата на шампионите.
Со мечот Франција - Романија во петок од 15:00 часот започнува Европското фудбалско првенство, 15. јубилејно издание. Во таа пригода одвоивме неколку моменти од најголемите турнири на континентот одржани во блиско минато.
Италијанците имаат многу префинет вкус и цврст став кога се работи за теми како пица, кафе, фудбал, па сега направија проблем од тоа зошто Бразилец кој игра за Италија затоа што дедо му е Италијанец, да ја носи светата бројка.
Во овој дел ќе читате за историскиот момент со многу емоции додека Дарко Панчев се местел да шутира пенал. „Црвена звезда је шампион Европе! Црвена звезда је победник Купа Европских Шампиона“ Потоа следуваат и пикантерии од враќањето за Белград.
Генерацијата на Меси, Агуеро и Анхел Ди Марија никогаш не освоила трофеј во сениорска конкуренција. Сега имаат голема шанса да ја израдуваат нацијата, првпат после 1993. година.
Изјавата на Марион Ле Пен, внука од сестра на Марин Ле Пен (Национален Фронт) дека Бензема плука по земјата во која се родил и која му овозможила да стане мулти-милионер дополнително фрли бензин на оганот во Франција пред ЕП.
Актуелниот шампион во НБА го направи првиот чекор кон одбраната на титулата. Кавалирс и Леброн немаа одговор на клупата на Вориорс која одигра фантастично и практично ги ослободи од обврски Стеф Кари и Клеј Томпсон.
Ливерпул и Јувентус во Франција на Европското ќе имаат по 12 фудбалери, а главниот град на Исланд е рекордер со 15 репрезентативци. Милан со никогаш помалку репрезентативци во последните 30 години.
Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?
Годинава се одбележа четвртина век од славната титула на Црвена Звезда која ја освои Европа. На финалето во Бари и дуелот Панчев - Олмета се потсетуваме секоја година, но мозаикот со тие историски денови за југословенскиот фудбал не е целосен без навивачите.
Далеку од парите, славата и медиумската помпа во Лигата на шампионите или поточно во селото Иловица во подножјето на планината Огражден, настапува Фк Огражден како дел од општинската лига во Струмица.
Дека финале од Лига на шампиони по дифолт значи беспрекорна организација ќе ве побие со факти еден дечко од Италија, кој без да измисли топла вода успеа да влезе гага и тоа го направи релативно лесно и елегантно без помош од никого.
Пепе плаче, Роналдо им покажува дека добро го извеле, Иско нема нерви па игра ламбада, Флорентино Перез издишува како да се породува. Пеналите од еден друг, подраматичен агол снимено од шпанските медиуми.
Кога од 28 пенали ќе одбраниш само два значи дека не си пеналџија и дека противникот може да ти ги открие слабите точки додека стоиш на линијата. Многу далеку од тоа дека Јан Облак е слаб голман, напротив, човекот го спаси Атлетико од сигурен пораз, но на пеналите делуваше погубено. И не му е првпат.
Лацио - Пјаченца 2:1, сезона 2002/2003. Роберто Манчини во состав со: Маркеџани, Одо, Коуто, Михајловиќ, Фавали, Фиоре, Џаникеда, Станковиќ, Цезар, Коради, Инѕаги. За едно нетипично славје се погрижија Коради и Станковиќ.
Ако некој фали во прволигашкото фудбалско друштво тоа се Пелистер и Победа, екипи од два фудбалски града со традиција кои не ги личи да играат во пониските рангови. Битолчани се враќаат во елитата по пауза од една година, а Прилепчани по седум. Нивниот кам бек во елитата освен ривалството против Вардар, на сцена го враќа и пелагониското дерби.
Црвена звезда го прослави јубилејот 25 години од освојување на Купот на Европските шампиони во Бари 1991, а за таа прилика новинари од регионов зборуваа со играчите. Во интервју за српски Телеграф, Панчев раскажува неколку анегдоти меѓу кои и таа кога со Фичо го возеле до Словенија за другите клубови да не го убедат да потпише со нив.