Фобијата на Јан Облак од пенали

Кога од 28 пенали ќе одбраниш само два значи дека не си пеналџија и дека противникот може да ти ги открие слабите точки додека стоиш на линијата. Многу далеку од тоа дека Јан Облак е слаб голман, напротив, човекот го спаси Атлетико од сигурен пораз, но на пеналите делуваше погубено. И не му е првпат.

Јан Облак (23) можеше да биде херој на пенал серијата во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Можеше. Реал Мадрид на најдобар можен начин ја искористи слабата точка на словенечкиот голман и сите пет пенали ги шутна на неговата голманска лева страна (играчка десна).
„Не размислувавме за пенали“, призна Облак пред мечот на Сан Сиро.

23-годишниот Облак е еден од негативните пеналџии, затоа што фатил само два од последните 28 пенали кои му ги шутирале, а само тројца од тие 28 го промашиле цел гол. Во завршницата на второто продолжение од финалето, многумина сметаа дека младиот Словенец би можел да биде јунакот на мечот, особено затоа што во регуларниот дел фати 2-3 чисти шанси (Бензема излезе сам пред него).
 
За жал на Атлетико Мадрид, репрезентативниот голман на Словенија меѓу стативите на пеналите изгледаше како почетник. Ниту проценуваше, ниту се обиде да фати некој од петте пенали на Реал. Лукас Васкез, Марсело, Бејл, Рамос и Роналдо едноставно и лесно го матираа, без никаква реакција на Облак.
 
На пеналите од финалето на Купот на Португалија во 2014-та меѓу Порто и Бенфика, Облак одбрани еден пенал, а Фернандо од Порто промаши и Бенфика го освои Купот:
 
Во финалето на Лига Европа истата 2014-та, Бето од Севиља фати два пенали, Јан Облак ниту еден и Шпанците славеа 14-13 во долгата серија, а Словенецот тагуваше:
 
Во осминафиналето од Лига на шампиони во 2014/2015, Атлетико Мадрид играше против Баер Леверкузен. Облак имаше среќа што Германците тогаш дома „ги оставиле копачките". Ништо не им фати, но сами промашуваа:
 
Во осминафиналето од Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид повторно имаше среќа откако на пенали го совлада ПСВ Ајндховен. Нарсиг промаши пенал тогаш, а Облак не одбрани ништо:
 
Пенал серијата во финалето на ЛШ годинава кога Реал даде пет од пет пенали, а Облак не се прослави: