Билбао масовно прослави титула во женски фудбал

Во претпоследното коло од женскиот фудбалски шампионат на Шпанија, Атлетик Билбао го победи Овиедо со 3:0 а нивниот главен конкурент Барселона загуби 0:1 од Атлетико Мадрид. Билбао така се одлепи на 4 бода на коло пред крајот и ја осигура титулата.

Улиците на Билбао беа преполни со навивачи, опремени со дресови, шалови, маици, знамиња, капи, конфети. Атлетик Билбао стана најтрофејниот женски клуб во Шпанија: Имаат пет титули, Леванте и Барселона имаат по четири. Првенството започнало во 1988. година. Машкиот тим последен пат беше шампион во 1984. година.