Италија нема играно во Верона (дворецот на Ромео и Јулија) уште од 22 април 1989-та кога 21 годишниот Роберто Баџо (тогаш со број 7, а не со 10) го постигна својот деби репрезентативен гол против Уругвај на пријателска која заврши 1:1.
Но од Тијаго Мота Италијанците не бараат да постигнува голови, туку да остави белег или уште попрецизно да ги пополни дупките во средниот ред од кој стравуваат. Маркизио и Верати ќе ги нема на ЕП 2016 поради повреди, а ветеранот Пирло не е повикан.
Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ е маестро, изјави Даниеле Де Роси со кој ќе треба цврство да го држат средниот ред.
Италијанската критика ја нагласи 10-ка која Мота за прв ќе ја носи на ова Европско како света бројка која ја носеле за Италија имиња како Ривера, Баџо, Тоти, како и легенди од другите селекции од типот на Марадона и Пеле.
Главното прашање им е дали ја заслужува фудбалер кој е натурализиран Италијанец. Мота почна како репрезентативец во Бразил, но за селекцијата У23 и потоа ја одбра Италија за која има право да игра бидејќи неговиот прадедо е роден на чизмата.
„Кој не е роден во Италија не верувам дека заслужува да го носи репрезентативниот дрес“, изјави во една прилика Роберто Манчини кој сега му е тренер во Интер.
Но селекторот Антонио Конте вели дека овие критики за муабети од чаршија.
„За мене Тијаго Мота е Италијанец, го носи истиот дрес како другите, истите бои и ќе даде се од себе. Критиките се дел од фудбалот каде сум веќе 30 години и е неизбежно некој да те закача. Знаеме кои се нашите фудбалери, колку вредат и колку имаат освоено. Се останато се муабети од кафиќите“.
Првиот повик за селекцијата на Италија, Мота го доби за пријателската средба против Германија, одиграна на 6 февруари 2011-та и потоа одигра на ЕП 2012 и СП 2014. Клупското искуство му е непроценливо. Човекот во кариерата има освоено 21 трофеј, повеќе и од Џиџи Буфон кој има 18. Потоа следуваат Барцаљи (12), Бонучи (11) и Кјелини (10).
Ова се трофеите на Мота:
1 Светско клупско првенство (Интер 2011)
2 Лига на шампиони (Барселона 2006, Интер 2010)
2 Ла Лига (Барселона 2005, 2006)
2 Супер Куп на Шпанија (Барселона 2006,2007)
1 Скудето (Интер 2010)
2 Куп на Италија (Интер 2010, 2011)
4 Лига 1 (ПСЖ 2013, 2014, 2015, 2016)
2 Куп на Франција (ПСЖ 2015, 2016_
3 Лига Куп на Франција (ПСЖ 2014, 2015, 2016)
2 Супер Куп на Франција (ПСЖ 2014, 2015)