D Sportska oprema поддржувач на летниот камп Кирил Лазаров 7

Официјален партнер на вториот летен ракометен камп “Кирил Лазаров 7” ќе биде D Sportska oprema.

D Sportska oprema е ланец на мултибренд продавници за спортска опрема присутен веќе две години на македонскиот пазар, на кој освен со понудата на оригинални премиум брендови, поддржува локални спортски настани и иницијативи.
 
Овој пат како официјален увозник на спортскиот бренд Hummel чие основно мото е “Change the world through sport”, препознавајќи го потенцијалот на најдобриот десен бек во светот, D Sportska oprema застана како официјален партнер на вториот летен ракометен камп “Кирил Лазаров 7”.
 
Поради големиот интерес и големиот број на пријавени деца, кампот оваа година ќе се реализира во два термини: од 17ти до 23ти јуни и од 24ти и 30ти јуни, а D sportska oprema ќе обезбеди спортска опрема од брендот Hummel за сите негови учесници.
 
Основната цел на кампот е да им овозможи физичка и психичка спортска надградба на младите играчи. Помеѓу звучните ракометни имиња од овие простори кои оваа година ќе му помогнат на Кирил Лазаров во подучувањето на идните ракометни таленти се и Младен Ракчевиќ, Горан Кузмановски, Бранко Ангеловски, Дејан Периќ, Дејан Манасков, и Владимир Глигоров.
 
Како официјален партнер на летниот ракометен камп D sportska oprema активно верува и се вклучува во заложбите нашата ракометна репрезентација да биде помеѓу најдобрите во светот.
 
Комерцијален текст 
9 јуни 2016 - 10:43