Мечот беше историски важен, а на трибина имаше необразовани навивачи и беше многу тешко да се организира добро навивање. Се обидовме во прво полувреме, но не одеше баш најдобро. На полувреме се растрчавме по трибини за да им објасниме на луѓето зошто е потребно да се навива цело време. Во второ ја форсиравме песната: „Напред Звезда, само напред...“. На моменти луѓето ја прифаќаа, но не моменти одеше тешко.
Мислам дека најзаслужна за тоа беше самата средба. Тоа беше тврд меч и луѓето ја пратеа играта и немаа многу снага за навивање. Почнаа продолженијата и веќе сите бевме уште по возбудени. Уште малку и ќе знаеме дали ќе освоиме титула. Ако сега не го освоиме Купот, нема никогаш да го освоиме. Тоа се моменти кога и кај најтврдокорните ултраси (за што се сметам и самиот) поважен станува интересот за клубот отколку мојата група. Сите бевме како во транс. Како течеа пеналите и како стануваше сè појасно дека ќе освоиме КЕШ, тензијата беше посилна. И тогаш Панчев се местеше да го изведе последниот пенал.
Бевме во таков транс што ниту една друга навивачка група не можеше да биде. Јас бев во делириум и солзите сами ми доаѓаа на очи. Постојано ми доаѓаа додека Панчев ја земаше топката и се местеше на шутира. Кога топката влезе во гол, нашата трибина експлодира и настана тотална екстаза. Јас и понатаму не видов ниту слушнав многу околу мене. Солзите ми течеа како потоци, бев во транс и можеби прв пат почувствував покомплетно и посилно чувство дури и од секс. Комплетен делириум по едно доста смирено стоење. Немав сила да се поместам и да скокам неколку минути. Потоа се повратив, солзите ми застанаа и радоста ја поделив со своите другари. На трибина се славеше сигурно уште еден час. Славевме, пеевме, се радувавме. Кога се смири ситуацијата, собравме сè што остана од реквизитите и многу од луѓето ги носеа дома веројатно за спомен.
Тргнавме накај автобусот и таму беше второто полувреме со славење. Можете да замислите како изгледаше кога на исто место имаше околу 100 автобуси со тотално откачени и весели патници. Се пееше повторно, се вееја знамиња, се палеа бакљи. Останавме и тука уште едно два часа.
Инаку планиравме од таму да одиме директно со нашиот автобус во Рим и да го гледаме финалето од италијанскиот Куп меѓу Рома и Сампдорија бидејќи според нашите сознанија натпреварот беше закажан за 30.05. Но еден другар ми кажа дека е завршен и затоа одлучивме да не одиме. Подоцна дознавме дека сепак е на 30-ти, но беше доцна за да го смениме планот. Штета, бидејќи ние 50 души можевме да одиме во Рим. Откако се расчисти паркингот ставивме сè што остана од реквизитите во автобус и се спремавме за тргнување.
На 20-30 километри од Бари застанавме на една бензиска пумпа за да купиме нешто за јадење и пиење. Имаше и Французи, некои си менуваа шалови и дресови, други се зезаа, а трети добија малку малтретирање. Ние од нашиот автобус не им правевме такви работи, бидејќи ни беше доста. По пола час се спремавме за тргнување. Супа Радовац и јас последни влеговме. Во еден момент видов на 15 метри пред нас две комби кои точеа нафта. Едниот точеше, а другиот позади него чекаше ред. Се прошетав до кај нив и имав што да видам.
Беа полни со тапани и знамиња и бидејќи стоев до комбињата ме приметија и морав нешто да кажам затоа што цело време гледав во нив.. Му пријдов на шоферот и го прашав дали знае италијански. Некако исплашено ми одговори дека знае. Потоа ја направив најголемата навивачка грешка во животот и онака уморен без да размислам го прашав дали сакаат да излезат на ферка. Со години се каам за тоа прашање. Требаше само да почекам уште малку сите да излезат од автобусот и потоа ќе им ја земевме комплетната опрема. Тоа ќе беше точка на се она што се случуваше тој ден.
Типот ме гледаше исплашено и во еден момент го запали возилото. Удрив по стаклото, но тој даде гас и заедно со другото комбе тргнаа. Цревото за точење му беше ставено и кога тргна се истури бензин. По 30 метри возење застанаа и во тој момент едно 30 луѓе од нашите се стрчаа накај нив, но ни побегнаа. Сакав да си ги изедам мадињата за оваа пропуштена шанса затоа што сфатив што пропуштив.
Најголемиот успех во борба против противничките групи и да им го земеш знамето, а ние имавме шанса да им земеме се и да ги понижиме. И ден денеска тој е мојот најголем кикс како навивач. Кога ќе се вратам на тој момент си ја удирам главата, но џабе. Потоа ги видовме како стојат и на една друга пумпа, но таму имаше минимум 20 автобуси со карабинери, така што за нов напад не можеше да падне ни збор. Потоа заспавме и се разбудивме некаде кај Сан Марино каде застанавме на пауза. Поминавме два часа во најмалата држава во светот и потоа се упативме накај Венеција.
Остатокот од патот не беше нешто посебно занимлив. Бакљите кои ни останаа им ги дадовме на навивачите од Ниш за да ги вратат во Белград, но подоцна дознавме дека им ги одземала словенечката царина. Јебига, да знаевме ќе ги понесевме ние бидејќи нас не не прегледаа. Застанавме во Загреб за да се симне еден дечко, а „Најлошиот“ не сакаше да се симне во Петриња, туку се возеше до Белград за да може да испие повеќе и потоа од Белград се врати дома во Петриња.