Во Бари пристигнавме околу два часа по полноќ. Се паркиравме пред стадион и потоа едни заминаа да шетаат низ центар, а други да спијат во автобус меѓу кои и јас. Останав да се наспијам бидејќи не чекаше тежок и долг ден. Се разбудивме некаде околу 8 часот наутро, денот беше убав и се очекуваше еден голем спектакл. Кога излеговме видовме дека не сме повеќе сами на паркингот. Хамди од Зеница извади полна кутија со хашиш и со еден голем џоинт сè ни изгледаше поубаво.
Заминавме на прошетка во центар, се раштркавме на различни страни и се договоривме да се вратиме на стадион околу 15 часот. Градот беше полн со народ и со наши и со Французи кои не беа ни малку заинтересирани за било каков вид на насилство. Малку ги провоциравме, по некој доби и шамар, но никој не ни пружи отпор. Подоцна зборував со доста наши и сите ми го зборуваа истото. Само една група пружила отпор, а тоа биле 5-6 црнци со шалови од Марсеј. Во еден ресторан се гаѓале со чинии.
Во еден момент се појави поголема група Французи кои пристигнаа со воз. На другиот крај од паркот почнаа закачки, пред мене се појави еден тип кој нешто почна да ми вика. Не сакав воопшто да се расправам со него, му ја удрив една од прва и типот летна право во фонтана. Ми пријде уште еден тип, овој пат Италијанец и навивач на Бари и ме праша зошто го удрив. И него го фрлив во фонтана и му скршив заб. Му реков дека немам време да прашувам, му се извинив, а тој не се налути и потоа го видовме на нашата трибина. Дојде полиција и страстите се смирија, а потоа се собравме и тргнавме накај стадион.
Требаше да ги внесеме сите реквизити: тапани, ролните хартија, знамиња, прекривното знаме...Пред стадион имаше еден куп автобуси и почнавме полека да ги вадиме реквизитите. Тука беше и Зоња и уште неколку момци од екипата на Аркан. Зоња ни рече дека се јавиле од клуб и дека ќе биде многу заебано ако ги запалиме бакљите, бидејќи може да не казнат. Од 400 бакљи кои ги купивме од Италија решивме да запалиме околу 100 до 150. Се договаравме како да ги внесеме на стадион и чекавме полицијата да не прегледа. Зоња им велеше сите бакљи да ги враќаат во автобус, а јас одев позади нејзе, им делев бакљи и им зборував на сите да ги палат.
Не можев да дозволам финале во КЕШ да пројде без бакљи. И покрај опструкциите од челниците на клубот кои се уплашија од високи казни, успеавме да внесеме стотина од кои пола ги запаливме пред почеток, а другите во текот на мечот. Не мислам дека бакљите се мерило за вредноста на една група, но убаво е кога ги има. Знаев дека моите другари ќе ме послушаат и ги внесоа.
Дарко од Зрењанин внесе 4 комада, а исто и Супа. Дојдоа полицајците, па дури и со преведувач, но немаше проблем бидејќи јас знаев подобро италијански, отколку тој што знаеше српски. Прво што ни рекоа е дека не може да внесеме бакљи, политички пароли, костурски глави и натписи ултрас. Не сакав да се расправам околу тоа, но знаев дека ако не ни дозволат да внесеме знамиња, нема да влеземе на стадион. По долго време влеговме и веројатно не би бил на стадион ако не можевме да го внесеме знамето со натпис ултрас.
Прво го прегледуваа големото знаме, а потоа кутиите со хартија. Додека го правеа тоа, искористив момент на невнимателност и го внесов знамето ултрас. Тоа не го забележаа и така го решивме проблемот. Не носевме костурски глави, ниту политички пароли, а бакљите ги внесовме на друг начин. Тоа што не ни дозволија да го внесеме се црвено-белите чадори бидејќи имаа метален врв. Откако ги прегледуваа пола час, ни рекоа дека можеме да влеземе.
Опремата ја распределивме на трибина и се разбира го наместивме и транспарентот ултрас и повеќе никој ништо не ни рече за тоа. Не ми беше баш јасно зошто ни викаа дека не можеме да го внесеме кога пола Италија има група со тоа име. И ден денес не ми е јасно, имам мал сомнеж дека нашата управа е вмешана во тоа, но не сум сигурен. Можам да ви кажам зошто ми беше идејата да пишува ултрас, наместо официјалното име на групата Делии.
После сите случки во последните години јас повеќе не ја чувствува групата Делии како моја. Тоа некако се разводни и Делии стана синоним за сите навивачи на Звезда. Не сакав од разни причини да бидам и да се чувствувам како Делија и затоа понесов транспарент ултрас. На исток беше закачен транспарент „Делије Равна Гора“, црн со бели букви. Направивме и големо знаме со ликот на Драже Михајловиќ – Чича Драже, нашиот легендарен јунак од Втората светска војна. Се приближи почетокот на натпреварот и на пола час пред стартот почнавме да ги делиме ролните хартија.
Кога ги делевме им кажувавме на сите да ги фрлиме кога играчите со судијата ќе тргнат од центар. Само што ги поделивме некаде околу пола час пред почетокот нашите играчи излегоа со тренерки да го видат теренот и атмосферата. Цела трибина како под команда ги фрлаше ролните. Иако не беше како што планиравме, сликата беше преубава. Трибината беше бела и изгледаше како да паѓа густ снег. Црвко рече: Пред мечот стоев на долната трибина во барот и пиев безалкохолно пиво. Во еден момент како да падна ноќ. Од горната трибина фрлаа илјада ролни хартија и навистина небото не се гледаше. Бев пријатно изненаден и после тој момент веднаш се качив погоре. Ни беше криво што не излезе како што требаше, но ни беше јасно дека излезе супер.
Кога излегоа играчите со судијата трибината југ на која бевме ние се запали. Гореа околу 50 бакљи и иако не се договаравме, беа одлично распоредени во прв ред. Дарко од Зрењанин ми даде една и ја запалив некаде над буквата А над нашиот транспарент. Пред бакљите се рашири големото српско знаме и сите беа здивени. Дури и по Европа немаше поголемо знаме од тоа. На сè тоа што спремивме, Французите смешно ни парираа. Знамето ни беше барем 5 пати поголемо од нивното, запалија можеби околу 10 бакљи и фрлија 50 ролни хартија. Единствено во нешто што беа подобри се шаловите низ цела трибина.