Европските првенства, гледани низ призма на статистика секогаш носат интересни податоци. Анализата на конечните состави дава неочекувана слика.
Со 12 репрезентативци, Ливерпул и Јуве се екипите кои даваат најмногу играчи на претстојниот шампионат на Евопа 201. На трето место е Тотенхем со 11 репрезентативци, четврти е Манчестер Јунајте со 10. Бјанконери на ЕП: Буфон, Барѕаљи, Бонучи, Киелини, Стураро и Ѕаѕа (Италија), Евра и Погба (Франција), Кедира (Германија), Мората (Шпанија), Лихштајнер (Швајцарија) и Манџукиќ (Хрватска).
Ливерпул на Европското ќе ги има следните репрезентативци: Адам Лалана, Натаниел Клајн, Џејмс Милнер, Џордан Хендерсон, Даниел Стариџ (Англија), Мартин Шкртел (Словачка), Дени Вард и Џо Ален (Велс), Емре Чан (Германија), Симон Мињоле, Дивок Ориги и Кристијан Бентеке (Белгија).
Втора италијанска екипа која дава најмногу репрезентативци е Рома со вкупно 8 колку што има и Реал Мадрид. Наполи има 6, Фиорентина 5, Интер 3, а Милан 2.
24,2% од играчите на ЕП играат во англиските првенства: 103 во Премиер, 31 во Чемпионшип кој ја надмина дури и француската Лига 1 која има 22 репрезентативци. Бундеслигата дава 57 репрезентативци на Европското пред Серија А со 52, турското првенство 35 а шпанската Примера 34. Без да се сметаат играчите од земјата каде што е првенството листата е ваква: Премиер има 80 репрезентативци (не англиски), Бундес 44, Серија А 34, Чемпионшип 30 и Ла Лига 20.
Со дури 15 репрезентативци родени во Рејкјавик, главниот град на Исланд е град кој дава најмногу фудбалери на Европското. Овој град со само 280.000 жители сочинува дури 64% од населението на целата земја.
Англиската репрезентација избра само играчи од Премиер лигата, Русија има 22 репрезентативци од сопствената лига, само Роман Нојштадер (Бундеслига) игра во Шалке и има германски корени.
Рој Хоџсон ја води најмладата селекција на Европското со само четворица репрезентативци преку 30 години и тројца У-21. Просекот на години на Гордиот Албион е 25 години и 308 дена, а Германија во просек има во просек 35 дена постара репрезентација. Највозрасна е онаа на Република Ирска со просечна старост на играчите од 29 години и 297 денови. Куриозитет е Џек Вилшер кој не одиграл цел меч во Премиер лигата уште од септември 2014-та.
Играчи од Милан кои ќе играат на ЕП летово се Де Шиљо за Италија и Куцка за Словачка. Милан на тој начин дава помалку репрезентативци дури и од некој англиски второлигаши. Само на Европското 1984. година имало помалку Миланисти од сега.