НБА Плејоф 2015/2016

Кливленд го возврати ударот за 2-1 во серијата

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на убедлив начин го совладаа Голден Стејт, ја забележаа осмата победа во Плејофот на домашен паркет и намалија на 2-1 во финалната серија. Доминација на Леброн Џејмс и Ирвинг.

Кливленд - Голден Стејт 120:90 (1:2)
 
Откако актуелниот шампион на два пати убедливо ги порази момците од Охајо, овојпат Кливленд врати на ист начин и ги совлада Воините со дури 30 поени разлика. Леброн Џејмс (32 поени 6 скокови и 11 асистенции) уште од стартот покажа дека домашниот паркет мора да се одбрани и во првата четвртина Кавалирс имаа 33:16 по што работите отидоа во насока на триумф на Кливленд.
 
Една од главните причини за поразот на Голден Стејт беше во тоа што домаќините потполно „го разоружаа“ МВП-то на лигата Стефон Кари кој загуби дури 6 топки, даде 19 поени од кои 2 во првото полувреме. Клеј Томпсон запиша само 10 поени.
Кливленд играше без Кевин Лав кој поради удар на претходниот меч не можеше да се појави на синоќешниот дуел, но Ричард Џеферсон одигра одлично во првата петорка (9п, 8ск.). По очајните партии во Калифорнија, се разигра и Кајри Ирвинг кој даде 30 поени, а одлична поддршка имаше и од Џеј-Ар Смит кои погоди клучни пет тројки. Тристан Томпсон уфли 14 поени со дури 13 скокови.