Франција на Светското пред 18 години беше тим од контрасти: фантастичен среден ред, цврста одбрана и проблематичен напад. Во составот беа Анри и Трезеге, но никој од нив не очекуваше грандиозни настапи за кратко време и тоа со противници од калибарот на Јужна Африка и Саудиска Арабија.
Таму во групната фаза победија против Данска (3:0) и Чешка (2:1) а во третиот меч си дозволија пораз од домаќинот на турнирот, Холандија (2:3).
Беше резервен голман на ЕП 2000. Сезонава ја заврши како тренер на Бордо, тимот во кој најдолго бранеше за време на играчката кариера. Важеше за еден од најдобрите голмани во историјата на француското првенство Лига 1.
Венсан Кандела (бек)
Кандела покрај што е познат како поранешен фудбалер, го знаат и како глумец во италијанскиот филм „Шаолин Сокер". Се појави на италијанската верзија „Танц со Ѕвездите" во 2014-та. Држи ресторан во Рим во кој доаѓаат претежно навивачи на Рома за која играше најмногу.
Биксент Лизаразу (бек)
Тренираше џиуџицу по завршување на кариерата во 2008-ма и стана Европски првак во син појас следната година во оваа боречка вештина. Работи како стручен коментатор за француската телевизија.
Лоран Блан (стопер)
Актуелниот тренер на ПСЖ доминира како никој досега во првенството, но поради неисполнетата цел во Лигата на шампионите летово би можел да биде заменет. На Мундијалот '98 одигра 5 меча и даде 1 гол, а потполно ист учинок имаше и две години подоцна на Европското 2000. На Мундијалот '98 одигра 5 меча и даде 1 гол, а потполно ист учинок имаше и две години подоцна на Европското 2000.
Со 31 година беше еден од најискусните таа 1998-ма. Одигра 7 меча на Мундијалот и 6 меча на Европското. Работи како експерт на БиБиСи спорт, отвори спортски комплекс во Гана и се занимава со хуманитарни работи. Има 47 години.
Лилиан Турам (стопер/десен бек)
Одигра 6 меча и даде 2 гола на СП 1998, а на ЕП 2000 се појави на пет меча. Се занимава со општествена работа, важи за голем борец против расизмот и хомофобијата. Клучна фигура беше на протестите за дозвола на истополни бракови во Франција.
Франк Лебеф (стопер)
Дефанзивецот на Челси се појави на три меча на СП и на еден меч на ЕП 2000. Денес како 48-годишен работи како коментатор на ЕСПН, а беше и глумец во театар.
Патрик Виера (среден ред)
Со 24 години беше меѓу најмладите во составот на Галските петли. На СП одигра 2 средби а на ЕП како поискусен беше главен играч на Французите на средината од теренот и настапи на шест меча. Во моментов е главен тренер на Њујорк Сити во американската МЛС, клуб кој игра на најмал терен во САД. Виера цела сезона се обидуваше да ја имплеменитра формацијата W-M.
Дидие Дешамп (среден бек)
Најголем работник во таа генерација на Франција. Имаше 31 година на Мундијалот и беше капитен на Триколорите. Одигра шест меча на СП 1998 и исто толку на ЕП 2000. Во моментов е селектор на Франција која што е домаќин на ЕП.
Зинедин Зидан (среден ред)
Полушпиц, права 10-ка на Французите и најдобар играч на Мундијалот. Зизу го реши Бразил со два гола во финалето кои му беа единствени на петте меча на СП 98. На ЕП 2000 исто даде два гола на пет меча. Во моментов е главен тренер на Реал Мадрид со кого ја освои ЛШ сезонава.
Роберт Пирес (среден ред)
42-годишниот Пирес и официјално се збогува со фудбалот во февруари 2016-та, по една година без клуб. Последен тим за кој настапуваше беше Гоа во Индија. Играше три средби на Светското и три на Европското со одличен учинок.
Бернар Диомеде (среден ред)
Имаше 24 години и играше како лев бек на СП 1998-ма. Денес на 42 години е селектор на Франција У-17. Од 2008. година ја води и Академијата Бернар Диомеде во јужен Париз.
Алан Богосјан (среден ред)
Со 27 години играше на пет натпревари на Светското првенство. Денес работи како коментатор, а во мај годинава претендираше да стане селектор на Габон. Игра голф а во 2007. година завршил прв на листата со што заработил место на Мастерсот 13 на Алпс Тур Голф.
Емануел Пети (среден ред)
45- годишниот Пети е амбасадор на Светското првенство за бездомници уште од 2011. година. Ја ишиша неговата долга коса истата година со цел преку аукција да собере пари за хуманитарни донации.
Кристијан Карамбе (среден ред)
Имаше 29 години и одигра 4 меча на СП 1998 и 1 меч на ЕО 2000. Денес е консултант по фудбал во Океанија а работи и како коментатор. Беше во управниот одбор на грчки Олимпијакос.
Жоан Мику (среден ред)
Познатиот играч на Парма имаше 26 години и се појави на еден дуел од Европското 2000-та. Во моментов работи како коментатор за Канал плус и консултант во младинската репрезентација на Франција.
Стефан Живарш (напаѓач)
Центарфорот Живарш одигра 6 меча на Мундијалот 1998-ма. На 45 години продава базени и сауни, откако некој пријател побарал од него да го помогне со бизнисот. Успешен е во таа индустрија веќе 10 години.
Тиери Анри (напаѓач)
Анри стана еден од најпознатите стручни коментатори на светот. Работи за британскиот Скај Спорт, и покрај Премиерлигата ќе биде дел и од тимот на БиБиСи што ќе коментира на Европското во Франција летово. На Светското кога Франција освои злато во '98-ма Анри даде 3 гола на пет меча, исто колку што даде и на Европското во 2000-та на пет меча.
Давид Трезеге (напаѓач)
Трезеге стана амбасадор на Јувентус кратко откако се повлече од фудбал. Кариерата ја заврши во Индиската Супер Лига, а сега патува со цел да го презентира Јувентус насекаде во светот. На Мундијалот даде еден гол на пет настапи а на ЕП два гола на три настапи од кои еден беше златен гол во финалето против Италија.
Криштоф Дугари (напаѓач)
На три средби на Светското, Дугари еднаш се запиша во листата на стрелци а еден гол даде и две години подоцна на Европското. Сега работи како експерт за Канал плус.