Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.
Ракометарите на РК Вардар за два дена во Јане Сандански го играат првиот четвртфинален меч против силниот Кјелце, а капитенот Филип Лазаров истовремено посакува успех и за женскиот состав кој два и пол часа претходно го игра реваншот против Ѓер.
Вториот ден од Бизнис лигата на Македонија донесе голема ефикасност на дуелот меѓу Монтенегро и Еуролинк на кој паднаа 18 голови, а ТРАНСМЕТ го совлада АрцелорМитал со 7:3.
Фудбалерот од средниот ред на Севиља синоќа на гостувањето против Виљареал го постигна најбрзиот гол во Лигата на Европа, но тоа не е рекорд на сите европски натпреварувања.
Со реванш натпреварите од осмина-финалето, вечерва продолжува елитната Лига на шампиони. Челси и Баерн Минхен имаат поволни резултати, но не и гарантиран пласман понатаму против ПСЖ односно Шахтјор.
Во вториот ден од 13. коло на Бизнис лигата, Гранит ја совлада Контрола на летање во голеадата од 20 голови, ЕЛЕМ славеше убедливо над АрцелорМитал, а Систина го победи Глобко Логистик.
Во 12-то коло од Бизнис лигата екипата на ЕВН победи убедливо против Алкалоид, УНИКА славеше над Контрола на летање, а ЕЛЕМ и Македонски Телеком завршија без победник.
Во вториот ден од првото, а вкупно 12-то коло во Бизнис лигата на Македонија екипите на Монтенегро, Доминос Пица и Шпаркасе одбележаа високи и ефикасни победи со двоцифрен број на голови.
Во првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Каталонците го совладаа Манчестер Сити на гости 1:2, а Јувентус со идентичен резултат го совлада Дортмунд. Реваншите се за две недели.
Вечерва во Торино ќе играат екипите што го создадоа европскиот класик во 90-те години, а во Манчестер, тимот на Сити ќе ја пречека Барселона во реприза на 1/8 финалето од лани.
Ако Норвежанецот Мартин Одегард заигра за Реал Мадрид во двомечот против Шалке од ЛШ, ќе стане најмладиот фудбалер што настапил во историјата на ова натпреварување. Ова е листата на 10 најмлади дебитанти.
Иако беа фаворити фудбалерите на Баерн Минхен кои околу половина час играа со фудбалер помалку не успеаа да ја затресат мрежата во Доњецк. Нерешено беше и на Паркот на принцовите, каде ПСЖ се врати по негативата од 0:1 и потоа пропушти зрели шанси за пресврт.
ПСЖ и Челси повторно ќе играат во нокаут фазата од ЛШ, откако лани во четвртфиналето клубот од Лондон отиде понатаму со гол на гостински терен. Баерн и Шахтјор осминафиналето ќе играат во Лавов, град оддалечен преку илјада километри од Доњецк.