Откако минатата сезона им избега за влакно, Вардарци се пред нов голем предизвик кој се вика пласман меѓу најдобрите четири екипи кои повторно ќе се соочат во Келн. По елиминацијата на Висла, македонскиот вицешампион го пречекува потешкиот полски противник Кјелце кој веќе има искуство во фанјнлор
„Според мене Кјелце заедно со Кил, Барселона и Веспрем е еден од најдобрите екипи во Лига на шампиони. Се работи за многу опасен тим против кој ќе мора да биде претпазливи сите 60 минути. Ние сме подготвени за предизвикот и јас би сакал да играме како против мечот против Висла. Кјелце и Висла се слични тимови кои имаат цврста одбрана и опасни шутери. Ова ќе биде само прво полувреме, бидејќи двомечот ќе се решава во Кјелце“, изјави Раул Гонзалес.
За целта која Вардар си ја постави на почетокот од сезоната потсети капитенот на тимот кој е свесен за тешката задача која им претстои.
„Стигнавме до последниот чекор кој вообичаено е најтежок. За квалитетот на противникот не треба да се трошат зборови. Ние се фокусираме на нашата игра за да се прикажеме во добро светло и да го одиграме најдобриот меч на сезоната. Најважно ќе биде да стигнеме до победа која би ни ги одржала шансите за пласман на Ф4 во Келн. Нашиот осми играч на терен се верните навивачите кои ќе ја наполнеа салата да собираше и 15-20 илјади луѓе“, изјави Лазаров
Саботниот ракометен празник во очи на Велигден, стартува во 16:30 со реваншот на ЖРК Вардар против Ѓер кои имаат +6 од првиот дуел. Дуелот Вардар – Кјелце стартува во 19:00.
Лазаров ги потсети навивачите да ги следат и двете средби на големиот видео бим кој ќе биде поставен пред салата Јане Сандански.