Стефан Димовски клучен за победата на Алкалоид над Монтенегро

Во последниот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил со 16 голови го потопи голот на Борис Трајковски, АрцелорМитал славеше над ОНЕ.

Стефан Димовски клучен за победата на Алкалоид над Монтенегро

Алкалоид 3-2 (1-2) Монтенегро
Алкалоид: Стефан Димовски 7’, 27’, 40’
Монтенегро: Љубиша Јовановски 1’, Ивица Јанковски 8’
Екипата на Алкалоид буквално во последната секунда во натпревар кој го дига адреналинот на целата публика во СЦ Борис Трајковски го совлада минатогодишниот шампион Монтенегро со 3-2. Се играше крајно изедначен натпревар на ниво на Ф8 фазата. Можевме да видиме крајно организирана игра и на двете страни, пред се во делот на одбраната каде што беа запрени сите приоди кон двата гола, се до последните 10 секунди  кога едно мало невнимание во одбраната на Монтенегро го искористи Стефан Димовски и му донесе победа на Алкалоид од 3-2.
 
СЦ Борис Трајковски (во нецелосен состав) го загуби дуелот со незапирливиот Лукоил

СЦ Борис Трајковски 2-16 (2-7) Лукоил
СЦ Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 10’, Влахо Костов 13’
Лукоил: Дејан Зиков 3’, 7’, 12’, 16’, 32’, 33’ Борче Василев 4’, 20’, 21’, 40’, 40’, Љупчо Апостоловски 19’, 29’, Владимир Секулоски 36’, 39’, Васко Стефанов 36’
Екипата на Лукоил уште на самиот старт од натпреварот влезе максимално ангажирано не давајќи му на и онака ослабениот СЦ Борис Трајковски да ја игра својата препознатлива игра. Мора да напоменеме дека СЦ Борис Трајковски во овој дуел влезе значително ослабен бидејќи не играа неколку клучни играчи. Вака ослабен СЦ Борис Трајковски не можеше да направи многу во дуелот со Лукоил, па Лукоил издвојува убедлива победа од 2-16. 
 
ОНЕ не го искористи играчот повеќе во дуелот со АрцелорМитал

АрцелорМитал 7-4 (2-0) ОНЕ
АрцелорМитал: Игор Мирчевски 7’, 36’, Љупчо Шегмановиќ 17’, 36’, Жарко Ивановски 24’, 30’, Зоран Димовски 39’
ОНЕ: Ивица Тимотиевиќ 24’, 40’, Јане Плавевски 31’, Стефан Петровски 34’
Екипите на АрцелорМитал и ОНЕ прикажаа игра во која беше демонстриран брз и отворен фудбал и на вете страни. АрцелорМитал беше во водство во поголемиот дел од натпреварот, пред се поради нивната подобра игра во одбраната. Во второто полувреме АрцелорМитал по црвениот картон остана со играч помалку, што ОНЕ не успеа да искористи, напротив прими гол со играч повеќе што се покажа како клучно за поразот од 7-4.
9 април 2015 - 14:17