Лукоил ја сруши мрежата на ОНЕ

Во вториот ден од 15. коло во Бизнис лигата, победничките екипи беа расположени за голови, а славеа Лукоил, Монтенегро и Алкалоид.

Лукоил ја сруши мрежата на ОНЕ

Лукоил 11-2 (6-2) ОНЕ
Лукоил: Борче Василев 2’, Дејан Зиков 6’, 39’, Владимир Секулоски 8’, Жарко Климкаров 10’, 30’, Мартин Алаѓозовски 16’, 25’, Драгослав Здравков 20’, Петар Костов 33’, Васко Стефанов 34’
ОНЕ: Александар Ивановски 14’, Јане Плавевски 16’
Лукоил влезе во овој натпревар против екипата на ОНЕ апсолутно мотивирано. Уште во првите минути најави добра игра која во понатамошниот дел од натпреварот и ја оствари. Кај ОНЕ беше присутна лошата игра во одбраната, што Лукоил на секој можен начин вешто го искористи и во ниеден момент не дозволи победникот на овој натпревар да се доведе во прашање. Полувреме 6-2. Крај на натпреварот 11-2.
 
Шпаркасе без решение за Јанковски (Монтенегро)
 
Монтенегро 8-3(5-2) Шпаркасе
Монтенегро: Ивица Јанковски 2’, 3’, 11’, 15’, 26’, 28’, Горан Новакоски 12’, 39’
Шпаркасе: Филип Чижбановски 13’, 17’, Дарко Стојановски 24’
Минатогодишниот шампион Монтенегро имаше своја вечер во дуелот со Шпаркасе. Демонстрираа одличен фудбал, пред се во делот на нападот преку расположениот за игра вечерва Ивица Јанковски кој постигна 6 погодоци и беше незадржлив. Шпаркасе не можеше да ги консолидира своите редови во одбраната, па го загуби овој натпревар со 8-3.
 
Алкалоид фуриозно против МЕПСО

Алкалоид 10-0(4-0) МЕПСО
Алкалоид: Александар Василевски 2’, Стефан Димовски 6’, 12’, 23’, Оливер Христовски 11’, 27’, Дарко Стефков 28’, Николче Дамјановски 29’, 40’, Нико Този 32’
МЕПСО: /
На самиот старт екипата на МЕПСО го почна натпреварот со голман играч во своите редови, што му овозможи на Алкалоид секое лошо проигрување кај МЕПСО да го искористи и претвори во гол, па така го добивме најбрзиот гол за ова сезона во првите 3 секунди кој го постигна Александар Василевски. На полувремето Алкалоид замина со значителна предност од 4 голови. Во второто полувреме Алкалоид продолжи со експресно добрата игра , не давајќи му простор на МЕПСО да се врати во натпреварот и го доби овој натпревар со 10-0.
25 март 2015 - 10:02