Иван Стојановски (Глобко Логистик) со гол кога беше најпотребно за победа над ТРАНСМЕТ
Глобко Логистик 5-4(2-3) ТРАНСМЕТ
Глобко Логистик: Александар Божинов 7’, 18’, 31’, Иван Стојановски 31’, 40’
ТРАНСМЕТ: Амер Скендеровиќ 4’, 12’, Игор Пејовски 16’, Емир Бегановиќ 39’
ТРАНСМЕТ и Глобко Логистик одиграа натпревар за паметење во што изобилуваше со неизвесност. Во првото полувреме ТРАНСМЕТ ја имаше контролата во поголемиот дел, оствари солидна предност која му овозможи гол повеќе на полувремето. Во второто полувреме Глобко Логистик ја презеде работата во своите раце, пред се во средината на второто полувреме кога во 31’ постигна 2 последователни гола преку Иван Стојановски и Александар Божинов. Но ТРАНСМЕТ во последната минута целосно се врати во натпреварот изедначувајќи го резултатот, но Глобко Логистик во своите редови го имаше извонредниот Иван Стојановски кој погоди кога требаше и на својот тим му донесе мошне значајна победа за влез во Ф8 фазата. Крај на натпреварот 5-4.
МЕПСО тврд орев за УНИКА
МЕПСО 9-7 (2-2) УНИКА
МЕПСО: Ибиш Мисини 3’, 17’, 26’, Љуљзим Каштањева 21’, 23’, 32’, 40’, Арбен Бајрами 22’, 29’
УНИКА: Братислав Савовски 2’, Борис Трајковски 10’, 30’, 33’, 39’, Тони Честојнов 32’, 34’
МЕПСО се покажа како тврд орев за УНИКА, пред се во првото полувреме кога играше цврста одбрана, не давајќи и на УНИКА да ја игра својата препознатлива игра, но во второто полувреме физичката подготвеност дојде до израз кај УНИКА, па дојдоа до водство кое успеаа да го одржат и издвојуваат минимална победа од 9-7.
ЕВН со смирена игра до победа над Систина
Систина 4-10 (1-4) ЕВН
Систина: Александар Јаневски 5’, Амер Аломеровиќ 21’, 31’, Горан Манов 22’
ЕВН: Дарко Милошески 9’, 18’, Бојан Маџовски 13’, 29’, 31’, 38’, Трајан Аџиев 16’, 32’, 37’, 40’
Во крајно тензичен натпревар во кој директно се одлучуваше за влез во Ф8 екипата на ЕВН ја совлада Систина. И двете екипи играа одличен фудбал со акцент на нападот, пред се поради фактот дека во својот ростер во текот на целиот натпревар имаа голман играч. По еден мал инцидент во кој беа исклучени играчи на двете страни ЕВН како да остана со помирна глава, ја искористи тензијата во редовите на Систина и го доби овој натпревар со 4-10.