ЛШ: Ќе задоцни ли логиката во Лондон и Минхен?

Со реванш натпреварите од осмина-финалето, вечерва продолжува елитната Лига на шампиони. Челси и Баерн Минхен имаат поволни резултати, но не и гарантиран пласман понатаму против ПСЖ односно Шахтјор.

ЧЕЛСИ - ПСЖ 20:45

 - Првиот меч во Париз заврши 1-1, а стрелци на головите тогаш беа Бранислав Ивановиќ и Единсон Кавани.
 
- Евентуален пласман на Челси во четврт-финалето, ќе биде најубав подарок за навивачите кои денес ќе ја прослават 110-годишнината на клубот.
 
- Челси сезонава веќе го освои Лига Купот, а на добар пат е да ја врати и титулата на Стамфрод Бриџ.
 
- Мурињо по трет пат сезонава побара поголема поддршка од навивачите, за кои вели дека често се однесуваат како да се во театар, а не на фудбал.
 
- На последните шест средби во сите натпреварувања, Челси има четири победи и две нерешени, а ПСЖ има три нерешени и три победи.
 
- Челси вечерва ќе игра за четврто осмина-финале во последните пет години.
 
- Фудбалерите на ПСЖ ќе носат црн флор околу раката, поради трагичната смрт на француските Олимпијци во Аргенгина. 

Можни состави:
 

ЧЕЛСИ - Куртоа, Ивановиќ, Тери, Кејхил, Аспиликуета, Рамиерс, Матиќ, Вилијан, Фабрегас, Азар, Коста.

отсутни: Микел (повреден)

ПСЖ - Сиригу, Максвел, Тиаго Силва, Маркињос, Ван дер Вил, Давид Луиз, Тиаго Мота, Верати, Матуиди, Кавани, Ибрахимовиќ.

отсутни: Орие и Лукас Мура (повредени)

БАЕРН МИНХЕН - ШАХТЈОР ДОЊЕЦК 20:45

- Баварците и Рударите немаа меѓусебен дуел пред оној во Доњецк пред две недели кога играа нерешено 0:0.
 

- Сите претходни 10 меча кои Баерн ги играше против украинска екипа, беа против Динамо Киев. Составот од главниот град на Украина само еднаш го победи Баерн Минхен, 3:0 во Супер Купот на УЕФА во 1975. година.

- Гвардиола покажа колку го цени Шахтјор со изјавата дека доколку тимот од Доњецк би играл во Бундес лигата, би бил сериозен кандидат за титулата.

- Од друга страна, Луческу изјави дека „Баерн е најдобриот клуб на светот, но чудата се случуваат".

- Баерн победил на сите 19 домашни натпревари, по ремито на страна.

- Шахтјор последен пат загуби во Германија пред две години, кога Дортмунд беше подобар со 3:0. На домашен терен Шахјтор водеше 2:0 но Дортмунд израмни на крајот.

Можни состави:

БАЕРН МИНХЕН - Ноер, Рафиња, Боатенг, Бадштубер, Бернат, Швајнштајгер, Алаба, Робен, Милер, Рибери, Левандовски.

Отсутни: Мартинез, Лам, Тиаго Алкантара (повредени), Филип Лам (парни картони)

ШАХТЈОР ДОЊЕЦК - Пјатов, Срна, Кучер, Ракицки, Шевчук, Степаненко, Даглас Коста, Фернандо, Алекс Тешеира, Тајсон, Луиз Адриано.

Отсутни: Бернар, Ордец, Кривцов (повредени).

ЛШ (среда): Баерн Минхен - Шахтјор Доњецк; Челси - ПСЖ (20:45).

Типувајте ги на Типстер во Специјална супер сингл понуда