Тројца Олимписки прваци загинаа во Аргентина, Вилторд се спасил

Во судирот на два хеликоптери вчера во Аргентина загинаа вкупно десет луѓе, меѓу кои и француските олимписки шампиони, Камил Муфа, Алексис Вастин и Флорен Арто. Поранешниот фудбалер на Арсенал решил да не полета.

Несреќата се случила на околу 1.100 километри од главниот град Буенос Аирес, во местото Кебрада дел Језо. Двата хеликоптери полетале со цел да се снимаат сцени за реалното шоу Исфрлени (Dropped) кое требало да се емитува годинава на француската телевизија ТФ1.
 
Покрај тројцата загинати спортисти, загинаа уште седум патници од кои двајца аргентински пилоти на хеликоптерите. И покрај тоа што синоќа се пренесе веста дека во несреќата загинал и поранешниот фудбалер на Арсенал, Силваин Вилторд, тој преку социјалните мрежи изрази жал за загинатите пријатели.
 
„Многу сум тажен и потресен. Не можам да најдам зборови за утеха", напиша Вилторд на својот Твитер профил веднаш по несреќата.
 

Камил Муфа

25-годишната пливачка освои три медали на ОИ во Лондон 2012 година: Злато на 400 метри слободен стил, сребро на 200 метри слободен стил и бронзен медал на штафета 4х200 слободен стил. Меѓу останатите достигнувања, Муфа има и четири бронзи од Светските првенства: Во Барселона 2013-та (200 метри слободен стил и штафета 4х200 слободен стил) и во 2011-та во Шангај (200 и 400 метри слободен стил).
 
Флоренс Арто

56- годишната Арто е првата жена што ја препливала маршутата Рим во 1978 година на само 20 години. Арто е позната маратонска пливачка.
 
Алексис Вастин

Најмладиот меѓу трите француски Олимпијци кои загинаа е 21-годишниот боксер, Алексис Вастин. Вастин кој ја освои бронзата на Олимпијадата во Пекинг 2008. година.
 
Останати спортисти кои требале да учевствуваат во шоуто се Французите: Алан Бенар (пливање), Жан Лонго (велосипедизам), Ана-Флор Марксер (сноуборд) и Филип Канделоро (уметничко лизгање). Ниту еден од нив не бил во хеликоптерите за време на снимањето.
 

Локалните власти во градот Ла Риоха соопштија дека во тв проектот учествувале околу 80 луѓе, а снимањето започнало кон крајот на февруари во Ушуаја, Јужна Америка. 

Сочувство до семејствата на загинатите изрази францускиот претседател Франсоа Олан, како и многу други познати спортисти меѓу кои поранешната пливачка шампионка, Американката Жанет Еванс, како и Лиа Нил.

10 март 2015 - 10:37