Гранит дисциплинирано до победа над АрцелорМитал
АрцелорМитал 6-8(1-3) Гранит
АрцелорМитал: Методија Миовски 12’, 40’, Игор Мирчевски 30’, Александар Зотиќ 38’, Зоран Димовски 38’, 39’
Гранит: Пепи Мицев 5’, 27’, Ненад Ристиќ 8’, 19’, Стеван Митревски 27’, 34’, Дарко Стојановски 32’, 40’
Во првото полувреме екипата на Гранит вешто ги искористи речиси сите грешки на одбраната на АрцелорМитал и со дисциплинирана игра која им го одржуваше водството во текот на целото прво полувреме стигна до поголем резултат на полувремето од 1-3. Гранит продолжи со одличната игра и во второто полувреме која не му даде на АрцелорМитал да се врати во натпреварот, кој се чинеше прекасно фати ритам и го загуби овој натпревар со 6-8.
УНИКА преку Каштањева до победа над Еуролинк
Еуролинк 7-8(5-3) УНИКА
Еуролинк: Ивица Стефковски 1’, 3’, 16’, 23’, Дарко Кадински 3’, 37’, Јорданчо Димиџиевски 14’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 1’, 6’, 28’, 30’, 40’, Арбен Бајрами 11’, Арбен Нухиу 21’, 33’
Натпревар во кој и двете екипи акцентот целосно го имаа ставено на нападот. Се почна доста офанзивно и уште во првите 30 секунди паднаа 2 гола. Целосниот тек на натпреварот се движеше во овој ритам. Екипата на Еуролинк стекне предност дури од 3 гола, но во второто полувреме, пред се подобрата физичка подготвеност на УНИКА која беше предводена од повратникот Каштањева (кој ја санира повредата) направи целосен пресврт и во тесна завршница го доби овој натпревар со 7-8.
ТРАНСМЕТ подобар во заврницата од Македонски Телеком
Македонски Телеком 2-5 (1-0) ТРАНСМЕТ
Македонски Телеком: Петре Велигденов 10’, Душко Симоноски 32’
ТРАНСМЕТ: Игор Пејовски 31’, 33’, Емир Бегановиќ 36’, Марјан Талески 40’, Перо Ангелески 40’
Во чист и отворен фудбал силите ги одмерија екипите на Македонски Телеком и ТРАНСМЕТ. Во првото полувреме се играше доста цврсто и на двете страни, пред се во одбраната и тешко се доаѓаше до изгледна шанса за гол. Македонски Телеком искористи една од малкуте шанси кои ги имаше и на полувремето замина со минимални 1-0. Во второто полувреме ТРАНСМЕТ со гол се врати во натпреварот за да во понатамошниот тек се игра гол за гол, се до 36’ кога ТРАНСМЕТ постигна гол за водство. Македонски Телеком се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но тоа не вроди со плод, па го загуби овој натпревар со 2-5.