Лукоил и Глобко Логистик ги поделија бодовите

Во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата победи славеа екипите на Шпаркасе и Македонски Телеком.

Шпаркасе со цврста одбрана до победа над МЕПСО

Шпаркасе 4-0 (2-0) МЕПСО
Шпаркасе: Стојанчо Јосифоски 8’, 28’, Дарко Стојановски 19’, 37’
МЕПСО: /
Натпревар во кој и двете екипи целосен акцент ставија на играта во одбраната, што може да се види и по малиот број на голови во текот на целиот натпревар. Се играше доста цврсто на ивица на фаул, што добро беше прифатено од двете страни. Може да забележиме дека и покрај ваквата груба игра преовладуваше фер плејот. Екипата на МЕПСО се обиде да ја искористи подолгата клупа, но слабата реализација не му дозволи да го совлада оваа вечер расположениот Шпаркасе кој изгледните шанси ги претвори во гол.
 
Лукоил и Глобко Логистик ги поделија бодовите

Лукоил 4-4 (2-2) Глобко Логистик
Лукоил: Владимир Секулоски 14’, Мартин Алаѓозовски 19’, Марјан Цветковски 30’, Борче Василев 36’
Глобко Логистик: Иван Стојановски 10’, 20’, Александар Божинов 22’, Тони Караташев 40’
Натпревар кој во вистинска смисла на зборот ја најави Ф8 фазата. И двете екипи потврдија дека се во одлична форма пред самиот старт на Ф8. Се играше крајно израмнето во текот на целиот натпревар. Ниедна од екипите не успеа да оствари резултатска предност, па бевме сведоци на вистинска драма која траеше се до крајот на натпреварот. Треба да напоменеме дека оваа сезона непобедливиот Лукоил одигра реми со Глобко Логистик кој се надмина себеси.
 
Македонски Телеком не дозволи изненадување во дуелот со Доминос Пица

Македонски Телеком 3-1 (1-0) Доминос Пица
Македонски Телеком: Петре Велигденов 1’, Агрон Пацоли 36’, Душко Симоноски 40’
Доминос Пица: Рубин Ангелевски 38’
Македонски Телеком дојде до водство во најраната фаза од натпреварот, буквално во 1’ и таа предност ја одржуваше во текот на целото прво полувреме. Во второто полувреме Македонски Телеком преку Агрон Пацоли поведе со 2 гола предност, на што Доминос Пица возврати со погодок за резултатски приклучок, но не успеа во тоа. Македонски Телеком преку Душко Симоноски ја запечати победата од 3-1.
15 април 2015 - 23:58