ПСЖ - Челси 1:1
Ивановиќ 36` - Лавеци 54`
Со голот на Бане Ивановиќ во 36 минута, фудбалерите на Челси поведоа на гостувањето против ПСЖ. Српскиот дефанзивец со 7 постигнати голови од 2009 година е најпрецизниот играч од одбраната во Лигата на шампионите. Парижаните конечните 1:1 ги постигнаа преку Кавани во 54 минута, но имаат неколку чисти шанси за победа.
Давид Луиз по свое го црташе местото за слободниот удар на Ибрахимовиќ.
Шахтјор Доњецк - Баерн Минхен 0:0
На другиот осминафинален меч, иако Баварците допатува во Украина по триумф од 8:0 во Бундеслигата, не успеаа да го пронајдат патот кон голот на Шахтјор. Чави Алонсо нема да го памети по добро јубилејниот натпревар во Лигата на шампионите, бидејќи во 65 минута, доби втор жолт картон. Патот до четвртфиналето ќе се одлучува на реваншот во Лондон и Минхен на 11 март.