Контола на летање тврд орев за УНИКА
УНИКА 6-4 (3-3) Контрола на летање
УНИКА: Ибиш Мисини 6’, 22’, 38’, Арбен Нухиу 8’, 40’, Александар Петрушевски 16’
Контрола на летање: Ненад Константиновиќ 1’, Едмонд Калиќи 19’, Жарко Апостолоски 20’, Ацо Тодоровски 30’
Исклучително неизвесно прво полуреме во кое екипата на Контрола на летање даде голем отпор и не дозволи УНИКА да ја игра својатан препознатлива игра, па на полувремето се замина нерешено 3-3. Во второто полувреме се играше во истиот ритам, УНИКА настојуваше да стекне резултатска предност што Контрола на летање не дозволи, па се до 5’ пред крајот на натпреварот беше нерешено. Во тие моменти Контрола на летање се стекна со повреда на голманот, што УНИКА вешто го искористи за победа на натпреварот од 6-4.
ЕВН го пронајде лекот за Алкалоид
Алкалоид 2-9 (0-6) ЕВН
Алкалоид: Стефан Димовски 24’, Дарко Стефков 25’
ЕВН: Трајан Аџиев 2’, 10’, 16’, 17’, 38’, 40’, Бојан Маџовски 6’, 18’, 26’
ЕВН во дуелот со Алкалоид влезе максимално мотивирано уште на самиот старт. Играа одлично предводени од расположениот за игра Аџиев, пред се во делот на нападот каде што имаа одлична реализација. Екипата на Алкалоид се обиде да ја анулира предноста со внесување на голман-играч, но и тоа не вроди со плод, па на полувремето ЕВН отиде со високи 0-6. Во второто полувреме екипата на Алкалоид влезе максимално ангажирано и за само 5’ успеа да анулира предност од 2 гола. Но ЕВН играше доста затворено, не дозволувајќи му на Алкалоид да наметне свој ритам, па на крај го доби овој натпревар со 2-9.
ЕЛЕМ и Македонски Телеком ги поделија бодовите
ЕЛЕМ 3-3 (1-1) Македонски Телеком
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 11’, 26’, 40’
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 2’, 28’, Бесник Рамуши 21’
Крајно изедначено прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и ЕЛЕМ. Се играше доста чист фудбал со многу удари кон голот, иако резултатот на полувремето 1-1 не го покажува тоа. Со нешто послаба реализација во одлично изработените напади и двете екипи заминаа на полувремето со нерешени 1-1. Во второто полувреме се продолжи во истиот ритам, екипата на Македонски Телеком оствари предност од 2-3 која ја одржуваше буквално до последните секунди од натпреварот кога ЕЛЕМ преку Антонио Ничевски успеа да изедначи за конечни 3-3 на крајот од натпреварот.