ЕВН преку Глобко Логистик до Ф8

Во последното коло од регуларниот дел на сезоната во Бизнис лигата на Македонија, победи славеа екипите на Доминос Пица, ЕВН и Еуролинк.

Доминос Пица ја искористи послабата одбрана на МЕПСО

Доминос Пица 6-4 (3-3) МЕПСО
Доминос Пица: Филип Мишевски 6’, 35’, Бојан Стојковски 18’, Рубин Ангелевски 16’, 25’, 30’
МЕПСО: Дејан Младеновски 14’, 32’, Борис Трајковски 16’, 17’
Во последното коло од сезонава екипата на Доминос Пица го совлада МЕПСО со резултат од 6-4 (3-3). Се играше доста брз и отворен фудбал и на двете страни во кој преовладуваше пред се фер плејот. Екипата на МЕПСО не ги косолидира своите редови во одбраната, тоа Доминос Пица вешто го искористи за победа на овој натпревар од 6-4.
 
ЕВН преку Глобко Логистик до Ф8

Глобко Логистик 5-7 (4-4) ЕВН
Глобко Логистик: Александар Божинов 6’, Иван Стојановски 9’, 9’, 17’, 34’
ЕВН: Бојан Маџовски 2’, 7’, 15’ Дарко Милошески 12’, 37’, Трајан Аџиев 35’, 38’
ЕВН го заврши пролетниот дел од сезоната без ниту еден пораз и апсолутно заслужено влезе во Ф8 фазата. Екипите на ЕВН и Глобко Логистик одиграа натпревар за паметење, пред се поради добрата игра, борбеноста и желбата за влез во Ф8. Се играше доста цврст натпревар во кој и двете екипи имаа подеднакви шанси за влез. Во првото полувреме се играше гол за гол, ниедна од екипите не успеа да оствари резултатска предност. Полувремето заврши нерешено со 4-4. Во истиот ритам почна и второто полувреме се до 5’ пред крајот кога Глобко Логистик внесе во своите редови голман играч кој не се покажа како вистинско решение, ЕВН тоа знаеше да го искористи и го доби овој натпревар со 5-7.
 
Еуролинк со одлично второ полувреме го совлада Македонски Телеком

Еуролинк 8-4 (2-3) Македонски Телеком
Еуролинк: Ивица Стефковски 14’, 20’, 28’, 39’, Дарко Кадински 21’, 23’, 36’, Дарко Атанасовски 40’
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 7’, Михајло Лазаревски 16’, Бесник Рамуши 20’, Душко Симоноски 38’
Македонски Телеком и Еуролинк одиграа две дијаметрално спротивни полувремиња. Во првото полувреме екипата на Македонски Телеком играше одлично пред се во делот на нападот каде што имаше одлична реализација и го доби полувремето со 2-3. Во второто полувреме пак, екипата на Еуролинк направи целосен пресврт, ја искористи повредата на голманот на Македонски Телеком Данило Миладиновски, ги најде сите грешки во одбраната и успеа да стигне до убедлива предност од 8-4. Македонски Телеком со голман играч не можеше да му парира на Еуролинк. 
21 април 2015 - 10:03