Лукоил преку Систина до мирен Ф8

Вториот ден од Бизнис лигата на Македонија донесе голема ефикасност на дуелот меѓу Монтенегро и Еуролинк на кој паднаа 18 голови, а ТРАНСМЕТ го совлада АрцелорМитал со 7:3.

Лукоил преку Систина до мирен Ф8

Лукоил 8-5 (4-1) Систина
Лукоил: Владимир Секулоски 3’, Дејан Зиков 3’, Петар Костов 7’, Љупчо Апостоловски 17’, Борче Василев 28’, 32’, Жарко Климкаров 34’, 34’
Систина: Александар Јаневски 20’, Горан Манов 21’, 28’, Никола Трајковски 30’, Влатко Кузманов 40’
Лукоил во дуелот со Систина покажа дека добро ја темпира формата за Ф8, пред се на почетокот на овој натпревар кога оствари предност од 4 гола играјќи мошне цврсто во одбраната која му овозможи преку контранапади да дојде до реализација. Систина пак како да се разбуди во второто полувреме, но едно добро полувреме не беше доволно да се победи фаворизираниот Лукоил. 
 
ТРАНСМЕТ со одлична реализација до победа над АрцелорМитал

ТРАНСМЕТ 7-3(2-3) АрцелорМитал
ТРАНСМЕТ: Амер Скендеровиќ 8’, 39’, Перо Ангелески 16’, 31’, Игор Пејовски 24’, 27’, 32’
АрцелорМитал: Љупчо Шегмановиќ 6’, 10’, 20’
Во првото полувреме екипата на АрцелорМитал покажа одлична игра, пред се во делот на нападот каде што преку одлично изработени напади стигаа до изгледна позиција за гол и поентираа, што не беше случај и кај ТРАНСМЕТ кои имаа конфузен напад кој не им нудеше добри решенија. Во второто полувреме сосема друга слика. Екипата на ТРАНСМЕТ, пред се поради подобрата физичка подготвеност ја презеде целосно иницијативата, оствари перфектна реализација постигнувајќи недостижни 5 гола за победа на овој натпревар од 7-3.  
 
Еуролинк го изненади Монтенегро

Монтенегро 8-10(1-5) Еуролинк
Монтенегро: Јорданчо Јакимоски 16’, 21’, 24’, Даниел Настевски 25’, 27’, Ивица Јанковски 31’, 34’, Златко Исакоски 36’
Еуролинк: Ивица Стефковски 4’, 7’, 8’, 13’, 29’, Игор Ристевски 6’, Дарко Кадински 23’, 33’, 37’, Александар Кузинаков 23’
Еуролинк потполно го изненади Монтенегро кој мора да напоменеме дека настапи во нецелосен состав. Во првото полувреме екипата на Еуролинк покажа апсолутна доминација правејќи гол разлика од 4 гола со кој отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Монтенегро како да се разбуди, направи се да фати резултатски приклучок, успеа да ја стопи предноста и на 5’ до крајот Еуролинк имаше предност од само еден гол. Екипата на Еуролинк не дозволи Монтенегро да дојде до целосен пресврт, па го доби овој натпревар со 8-10.
31 март 2015 - 22:56