Монтенегро фуриозно против Глобко Логистик
Монтенегро 10-4 (5-1) Глобко Логистик
Монтенегро: Горан Новакоски 5’, 6’, 7’, 29’, 35’, Ивица Јанковски 15’, 32’, Дарко Настиќ 17’, Сашо Павлоски 24’, Даниел Настевски 36’
Глобко Логистик: Иван Стојановски 20’, 40’, Мартин Каровски 33’, 39’
Минатогодишниот шампион во дуелот со Глобко Логистик влезе максимално мотивирано и уште на самиот старт наметна висок ритам на игра, што резултираше со неколку голови во низа кои му овозможија резултатски да се одлепи. Глобко Логистик не можеше да го прати ова темпо, па му дозволи на Монтенегро во текот на целиот натпревар да ја одржува и зголемува предноста за да на крајот издвојува победа од 10-4. Полувреме 5-1.
Доминос Пица го изненади ОНЕ
Доминос Пица 12-8 (7-3) ОНЕ
Доминос Пица: Оливер Младеновски 4’, 5’, 22’, Рубин Ангелевски 7’, 40’, Гоце Василевски 8’, 22’, Горан Михајловски 10’, 14’, 16’, 25’, 26’
ОНЕ: Дарко Таневски 2’, 7’, Илхан Алити 3’, 29’, 30’, 37’, Блаже Цоневски 36’, Јане Плавевски 40’
Екипите на Доминос Пица и ОНЕ одиграа прво полувреме со многу пресврти. Екипата на ОНЕ дојде до водство од 2 гола во раната фаза од натпреварот, по што следуваше мало опуштање во нивните редови кое Доминос Пица вешто го искористи и дојде до целосен пресврт за 7-3 на полувремето. Доминос Пица продолжи со одлична игра и во второто полувреме не давајќи му на ОНЕ простор да се врати во натпреварот и го доби овој натпревар со убедливи 12-8.
Банкарите подобри од домаќинот
Шпаркасе 10-3 (4-1) СЦ Борис Трајковски
Шпаркасе: Дарко Стојановски 1’, 33’, Љубомир Таневски 2’, Стојанчо Јосифоски 3’, 39’, Зоран Канчевски 19’, Филип Чижбановски 23’, 26’, 31’, 32’
СЦ Борис Трајковски: Ивица Митов 1’, Јане Мицевски 25’, 28’
СЦ Борис Трајковски и Шпаркасе одиграа прво полувреме кое изобилуваше со доста атрактивни потези кои беа произлезени од одлично изработените акции пред се во нападот и на двете страни. Екипата на Шпаркасе беше попрецизна во реализацијата, па на полувремето отиде со резултат од 4-1 во своја полза. Во второто полувреме СЦ Борис Трајковски направи напори да се врати во натпреварот, но Шпаркасе продолжи со одличната реализација, не дозволувајќи победникот на овој натпревар да се доведе во прашање и го доби овој натпревар со 10-3.