ЕВН го доби ЕЛЕМ во електричното дерби

Екипите на Глобко Логистик, Систина и ЕВН со победи го заокружија последниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Глобко Логистик со колективна игра до победа над СЦ Борис Трајковски

СЦ Борис Трајковски 5-8(1-3) Глобко Логистик
СЦ Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 17’, 21’ 40’, Ивица Митов 35’, Јован Димовски 38’
Глобко Логистик: Александар Божинов 1’, 28’, 30’, 40’, Мартин Каровски 16’, Иван Стојановски 20’, Горан Божиновски 23’, Тони Караташев 35’
Екипата на СЦ Борис Трајковски во дуелот со Глобко Логистик прими гол во најраната фаза од натпреварот, што секако беше голем хендикеп и деморализирачки. Во текот на целиот натпревар се обидуваа да ја стигнат резултатската предност што Глобко Логистик ја обезбеди, но Глобко Логистик не го дозволи тоа, пред се со колективна игра која ги краси во текот на целата сезона за да на крајот го добијат овој натпревар со 5-8.
 
Систина ја искористи кратката клупа на Доминос Пица

Доминос Пица 3-7(2-4) Систина
Доминос Пица: Бојан Стојковски 5’, Рубин Ангелевски 6’, Неделко Неделковски 26’
Систина: Игор Ѓорѓиевски 9’, Александар Јаневски 14’, 17’, 24’, 40’, Даниел Боневски 20’, Ивица Петровски 40’ 
Екипата на Доминос Пица одлично го отвори овој натпревар и се стекна со водство од 2 гола предност. Но Систина набрзо ги консолидира своите редови, пред се  на играта во одбраната која им овозможи да развијат брз контранапад, преку кој доаѓаа до изгледни ситуации за гол и реализираа. Кај Доминос Пица во второто полувреме беше пресудна и кратката клупа, па немајќи ротација дојде до израз физичката подготвеност на Систина која вешто ја искористи оваа ситуација и го доби овој натпревар со 3-7.
 
ЕВН го доби ЕЛЕМ во електричното дерби

ЕЛЕМ 8-9(4-5) ЕВН
ЕЛЕМ: Антонио Тасев 2’, 22’, Влатко Петровски 7’, 9’, 12’, 28’, Антонио Ничевски 30’, 39’
ЕВН: Трајан Аџиев 4’, 6’, 23’, 33’, Дарко Милошески 10’, 13’, 21’, 34’, Душко Силјановски 20’
Електричното дерби помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН го оправда епитетот „дерби“ во секоја смисла на зборот. Екипата на ЕЛЕМ во текот на целиот натпревар напаѓаше со голман играч, што во еден дел од натпреварот вродуваше со плод, но по неколкуте погрешни додавања од кои произлегоа чисти ситуации за гол ЕВН резултатски се одлепи. ЕЛЕМ настојуваше да фати резултатски приклучок, но како да беше прекасно, времето работеше на страната на ЕВН, па ЕВН го доби овој натпревар со 8-9. 
26 март 2015 - 10:02