Систина со пресврт до победа над Глобко Логистик

Во вториот ден од 13. коло на Бизнис лигата, Гранит ја совлада Контрола на летање во голеадата од 20 голови, ЕЛЕМ славеше убедливо над АрцелорМитал, а Систина го победи Глобко Логистик.

Гранит ја прелета кулата за летови

Контрола на летање 7-13 (2-5) Гранит
Контрола на летање: Жарко Апостолоски 3’, 29’, Ненад Константиновиќ 18’, 21’, Филип Милков 24’, 39’, Едмонд Калиќи 40’
Гранит: Стеван Митревски 4’, 25’, 30’, Пепи Мицев 5’, 28’, 33’, 38’, Дарко Стојановски 7’, 11’, 29’, 35’, Далибор Велковски 10’, Жарко Стошиќ 39’
Во фер плеј натпревар Гранит успеа да ја совлада Контрола на летање со резултат 7-13, полувреме 2-5. Во текот на целиот натпревар Гранит имаше апсолутна доминација, како во делот на нападот, така и во делот на одбраната. Контрола на летање имаше неколку обиди да се врати во натпреварот, но немаше своја вечер против расположениот Гранит, кој не го дозволи тоа. Мора да напоменеме дека Филип Милков од Контрола на летање го постигна најатрактивниот гол на мечот.
 
Убедлива победа на ЕЛЕМ во натпреварот со АрцелорМитал

АрцелорМитал 4-11(3-6) ЕЛЕМ
АрцелорМитал: Игор Мирчевски 4’, 15’, 26’, Љупчо Шегмановиќ 12’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 5’, 19’, 20’, Димче Димитријески 10’, 16’, Петко Бушески 20’, 40’, Влатко Петровски 25’, 37’, Пеце Соклевски 26’, Жан Ристевски 38’
Екипите на ЕЛЕМ и АрцелорМитал одиграа мошне интересно прво полувреме во кое водството наизменично го имаа и двете екипи, се до последната минута од полувремето беше израмнето, кога ЕЛЕМ благодарение на Антонио Ничевски и Петко Бушевски со 3 последователни погодоци направија резултатски исчекор и на полувремето отидоа со 3-6. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ само го зголемуваше водството не давајќи му на АрцелорМитал да влезе во ритам, па го доби овој натпревар со убедливи 4-11.
 
Систина со пресврт до победа над Глобко Логистик

Глобко Логистик 3-5 (2-1) Систина
Глобко Логистик: Александар Божинов 5’, Иван Стојановски 13’, 24’
Систина: Горан Манов 8’, 40’, 40’, Даниел Боневски 33’, Александар Јаневски 38’
Систина и Глобко Логистик одиграа натпревар во кој демонстрираа исклучително квалитетен фудбал. Се играше доста атрактивно и на двете страни, играта кај двете екипи изобилуваше со добро изработени напади од кои се доаѓаше до чисти позиции за гол. Глобко Логистик имаше минимална предност од 2-1 на полувремето што успеа да ја сочува и во второто полувреме се до последната минута кога Систина успеа да направи целосен пресврт и го добие овој натпревар со 3-5.
10 март 2015 - 23:13