Алкалоид преку „голман играч“ до победа над ОНЕ
ОНЕ 6-9 (3-3) Алкалоид
ОНЕ: Дарко Таневски 13’, 32’, Кристијан Трајковски 17’, 20’, 33’, Слободан Кекеновски 26’
Алкалоид: Оливер Христовски 5’, 12’, 30’, Дарко Стефков 6’, Николче Дамјановски 22’, 31’, Стефан Димовски 33’, 34’, 40’
Екипата на Алкалоид во дуелот со ОНЕ влезе мошне мотивирано со агресивна игра пред се во нападот, која му овозможи да оствари предност од 3 гола за само 12’ игра. Но ОНЕ се покажа како жилав противник, ја искористи опуштеноста во играта на Алкалоид и на полувремето успеа да го израмни резултатот. Во второто полувреме се играше егал натпревар се до моментот кога тренерот на Алкалоид Никола Алексов внесе во своите редови голман играч и направи целосен пресврт за победа на овој натпревар од 6-9.
Македонски Телеком со одлично второ полувреме до победа над СЦ Борис Трајковски
Македонски Телеком 4-2 (1-1) СЦ Борис Трајковски
Македонски Телеком: Влатко Причков 16’, Агрон Пацоли 24’, Михајло Лазаревски 26’, Петре Велигденов 34’
СЦ Борис Трајковски: Јован Димовски 12’, 38’
Во првото полувреме екипите на Македонски Телеком и СЦ Борис Трајковски целосно имаа ставено акцент на играта во одбраната. Се играше доста затворено и на двете страни, што може да констатираме и по резултатот на полувремето 1-1. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком заигра поорганизирано во нападот со колективна игра која вроди со плод. Македонски Телеком оствари предност од 3 гола, која екипата на СЦ Борис Трајковски не можеше да ја стигне, па го загуби овој натпревар со 4-2.
УНИКА во драматичен натпревар подобра од АрцелорМитал
УНИКА 8-7 (4-4) АрцелорМитал
УНИКА: Арбен Нухиу 3’, 34’, Влатко Деспотовски 4’, 16’, 23’, 30’ Арбен Бајрами 11’, Александар Петрушевски 34’
АрцелорМитал: Александар Илиев 2’, 3’, 28’, 30’, Игор Мирчевски 5’, 16’, Методија Миовски 39’
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и АрцелорМитал. Во текот на целото прво полувреме се играше гол за гол, ниедна од екипите не успеа резултатски да се одлепи, играа во идентичен ритам и на полувремето отидоа со 4-4. Во второто полувреме идентично се играше гол за гол, се до 33’ кога екипата на УНИКА , пред се поради подобрата физичка подготвеност, направи исчекор во играта, дојде до водство од 2 гола кое го одржуваше до самиот крај на натпреварот, па истиот го доби со 8-7.