Реприза на Етихад, Милионерите против Старата дама

Вечерва во Торино ќе играат екипите што го создадоа европскиот класик во 90-те години, а во Манчестер, тимот на Сити ќе ја пречека Барселона во реприза на 1/8 финалето од лани.

ЈУВЕНТУС - БОРУСИЈА ДОРТМУНД (20:45)

- Јувентус и Дортмунд ќе се сретнат за првпат по 1997. година. Пред 18 години, во финалето од Лигата на шампионите, Дортмунд за првпат го освои ова натпреварување. Се играше во Минхен, а Борусија славеше 3:1 со головите на Ларс Рикен, Карл-Хајнц Ридле и Микаел Зорц. Дел Пиеро даде еврогол за Јуве.

- Бјанконерите се непоразени на 46 натпревари во сите натпреварувања на домашен терен. Последниот пораз во Торино им беше од Баерн Минхен на 10 април 2013. година. На меѓународна сцена дома немаат пораз на последните 10 меча.

- Последното учество на Јувентус во 1/4 финалето му беше против Селтик во сезоната 2012/2013 кога славеа со вкупен резултат 5:0.

- Против германските клубови, Јувентус има учинок од 14 победи, 2 нерешени и 5 порази.

- Последната победа на Дортмунд во Италија датира од сезоната 2008/2009 и натпревар од УЕФА купот против Удинезе 2:0.

- На Апенините, Дортмунд има 4 победи, 1 нерешена и 9 порази. Последно гостување имаа против Наполи пред две години кога загубија 2:1 на Сан Паоло.

- Дортмунд победи на пет од последните седум гостувања во Лигата на шампионите. Сезонава славеа 3:0 против Андерлехт, 4:0 против Галатасарај и 2:0 против Арсенал.

- Милионерите кои сезонава имаат ужасно лоши резултати во Бундеслигата, успеаа да врзат три победи по ред против Штутгарт, Фрајбург и Мајнц и тоа е нивна најдолга победничка серија сезонава.

Можни состави

Јувентус: Буфон, Лихштајнер, Бонучи, Киелини, Евра, Погба, Пирло, Маркизио, Видал, Тевез, Мората.

повредени: Мароне и Матри

Дортмунд: Вајденфелер, Пишчек, Сократис, Хумелс, Шмелцер, Бендер, Гундоган, Блашчиковски, Кагава, Ројс, Обамејанг.

повредени: Гроскројц и Дурм.

МАНЧЕСТЕР СИТИ - БАРСЕЛОНА (20:45)

- Втора година по ред, Барса и Сити ќе играат во 1/8 финалето на ЛШ. Минатата година, Каталонците славеа со вкупен резултат 4:1.

- Четирикратниот европски првак, Барселона го игра осмото 1/4 финале по ред.

- Сити ќе игра без Јаја Туре, на кого вечерва му истекува супсензијата од три натпревари.

- Граѓаните се провлекоа во групната фаза, каде на првите четири натпревари имаа само четири бода, но потоа обезбедија пласман понатаму.

- На домашен терен против шпански екипи, Сити има 2 победи 2 нерешени и 1 пораз. Серхио Агуеро ги даде последните голови против шпански тимови (Реал Мадрид и Виљареал).

- Барселона сезонава загуби на првото гостување во ЛШ, против ПСЖ 3:2.

- Каталонците против англиски противници имаа 7 победи, 8 нерешени и 14 порази.

- Серхио Агуеро и даде пет голови на Барселона додека играше за Атлетико Мадрид од 2006 до 2011 година.

- Агуеро, Клиши, Џеко и Забалета се под закана од суспензија поради жолти картони.

- Сити одигра 13 натпревари по завршувањето на групната фаза и во домашните натпреварувања има учинок од 7 победи 4 нерешени и 2 порази.

Можни состави

Манчестер Сити: Харт, Забалета, Мангала, Компани, Клиши, Фернандињо, Фернандо, Насри, Силва, Милнер, Агуеро

казнет: Јаја Туре

Барселона: Браво, Алба, Маскерано, Пике, Алвес, Иниеста, Бускетц, Ракитиќ, Нејмар, Меси, Суарез.

повредени: Даглас и Вермален.

Играј ги во Специјалната Супер сингл понуда на Типстер.