Италијанските статистики се дека годишно во земјата 30.000 луѓе умираат од загаден воздух. Инстантните решенија на оваа тема ставија пред стрелачки вод некои крајно автохтони состојки од италијанскиот начин на живот.
Американските конзервативци меѓу себе ги имаат псевдо-конзервативците чиј главен страв е дека некој од надвор ќе им наштети и се фокусирани кон одбрана на самите себе. Демократите пак ги имаат борците за политичка коректност чиј главен страв е дека некој ќе им наштети на ранливите категории што тие тврдат дека ги штитат, и се фокусирани на нивна одбрана. И двете страни лесно запаливи и од најмала искра, само едната е поверојатно да ги кандидира лесно запаливите.
Како може фотограф да направи фотка за која ќе биде сигурен дека ќе биде впечатлива? Зналците знаат а на оние кои допрва почнуваат, науката им препорачува да ја баталат природата, без разлика дали е тоа планина, езеро, водопад или факинг еделвајз.
На 28 декември се навршија век и две децении од прикажувањето на првиот комерцијален филм на светот. Кој знае како би реагирале браќата Лимиер да знаат што се случило во меѓувреме.
Откако марихуаната се легализираше во 23 американски сојузни држави, редно е да се види бројката на Американци кои годинава умреа од предозираност со таа страшна билка. Бројката е сигнификантна.
Последната битка на Иан Фрејзер Леми Килмистер беше баш онаква каква што беше една песна на Моторхед - кратка и жестока. За жал, и безмилосна. Напијте се Џек Даниелс во негово име.
Звучи како лик од роман, но Мадам Клод била многу реална, некрунисана кралица на Париз, со врски во највисоките владини кругови, но и помеѓу уметници како Марлон Брандо или Марк Шагал.
Статистички профил на еден просечен жител: колку е стар, колку луѓе има по дома и дали домата е негова, дали живее на град или на село. Ако работите во администрација, штиклирајте поен.
Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди.Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.
Во претходен видео есеј ги пребројувавме мртвите кај Тарантино - импресивна трицифрена бројка, главно застрелани и искасапени луѓе. Но ако мислите дека насилството е карактеристика на современата уметност, се лажете. Еве од што сè умираат ликовите на Шекспир.
Нелинеарна нарација, жанровско прелевање, автореферентност, хиперцитатност - сето ова се карактеристики на серијалот „Ѕвездени војни“, кој е многу повеќе од (само) научна-фантастика.
Скопје, 16-ти декември 2015 - Фармацевтската компанија Новартис-преставништво Скопје, денес донираше лабараториски PCR китови за квантитативна детекција на BCR-ALB транскриптот во вредноста од 566.400,00 денари. Оваа донација ќе придонесе при правилна дијагностика и следење на пациентите со Хронична миелоидна леукемија, а истовремено и ќе го олесни процесот на стандардизација на лабалаторијата за молекуларна дијагностика.
30 години спиење, 2 месеци возење по вашата улица, 7 месеци непрекинат секс (ехее!), 27 часа постојана болка. Која е сумата на нашите животи, која станува очигледна кога статистиката ќе ги зипува сите наши активности, кои значат дека сме (уште) живи?
Веста дека дури сега ќе дојде крајот на ИСИС, откако се згрешија и го изнервираа Ел Чапо (која оди по маалската логиката дека мексиканскиот картел некако е воено поподготвен од Русија или САД), која беше пренесена од Фокс, Њујорк Пост, Форбс и речиси се што индексираат македонските агрегатори, ниту е точна, ниту е вистинита, туку е чиста сатира, ако може да му се верува на човекот што ја напишал.
Одговорот е од една онлајн дискусија на прашањето до луѓето што го поддржуваат Доналд Трамп за претседател (кои веќе станаа сериозна бројка на сите анкети): кои се вашите главни причини што го поддржувате и околу што се сложувате со него?
Интервјуа со два анонимни шанкери, едниот веќе ветеран кој 12 години минал на најразлични шанкови, вториот е студент кој сега почнал со професијата. Прво нешто што треба да знаеш за работење како шанкер во Њујорк е дека ти требаат врски за да се вработиш, за ова се согласуваат и двајцата, второ, сите знаат кога некој гостин не е само на алкохол.
Во последниве 30 години во Канада има речиси 1.200 убиства или исчезнувања на домородни жени кои воопшто не се решени. За да не остане така, Трудо вети 40 милиони долари (канадски) за решавање на овие случаи, што го најави како "тотално обновување" на врската со староседелците.
Пред некое време известивме за маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата" со 66 актери во Лондон. Сега Русите го возвраќаат книжевниот удар.
Фризерски салон од Велс на своите муштерии им понуди опција да закажат "тивка столица", столица на која ќе седнат и ќе им биде направена фризура без да мора да муабетат со фризерот. До сега, најдобро решение имаше нашиот финансов во Трендоленд.
Од денес, 7.12, па до 19 декември во Park Avenue Armory, историска зграда во Њујорк, ќе се изведуваат „Голдбергови варијации" на Бах. На пијано, руско-германскиот музичар Игор Левит. Мастермајндот позади сцената - Марина Абрамовиќ.
Американски професор решил врз основа на расположливите податоци да создаде економски модел на Галаксијата од Ѕвездените војни и да му удри една економска анализа. Не е на арно. Дел од заклучоците ќе ви заличат на нешто наше (*), а дел на нешто од Грција (**).
Тоа што 20-тите години ги минувате во претерано гледање телевизија (граница која научно е сигурно многу пониска од она што ти мислиш), на 40 години ќе почне да ви се одразува на мозокот.
Сомнежите околу тоа ги пренесовме (види: Париз против конференцијата во Париз), но да пробаме и со нешто позитивно. Чудна работа се случи оваа 2015-та година; за првпат можеме да бидеме оптимисти околу климатските промени. Во некој друг, подобар свет, тоа би била вест на годината, наместо заебанциите и пиздариите низ светов.