Работната смена (на поискусниот) му почнува околу 16 / 17 часот и трае до 5 / 6 часот следното утро. Работи три и пол смени неделно - вторник, четврток, сабота и секој втор петок. Вториот повеќе претпочита маалски барови, во кои може на раат да ти дојдат другари или да чуеш некој локален бенд, отколку коктел барови, преполни со корпоративни ликови кои би "ги плукнал или би им удрил бокс во лице, ако ги видиш на улица."
"По една точка, стануваш бебиситер. Ова обично се случува околу 2 и 30 или нешто порано во зависност од ноќта...
Кога си шанкер многу луѓе ќе се обидат да се спријателат со тебе. Некои те гледаат како заменик терапевт. Некои пак само сакаат бесплатни пијачки, што е стварно аматерски. Ама најголемиот дел од луѓето знаат како треба, познат им е системот на оставање бакшиш". Јасно им е дека шанкерот решава кога ќе почести. И ако оставаш добар бакшиш и не си шупак, шанкерот генерално ќе се грижи за тебе.
Сум приметил дека богатите се најлоши во оставање бакшиш. Веројатно богатите сакаат да останат богати, и ја штедат секоја пара... Те третираат како човек од втора класа," објаснил поискусниот шанкер.
Вториот шанкер како демографски групи кои не оставаат бакшиш ги одделува: убавите девојки, сиромашните хипстери и богатите луѓе.
Причина за да исфрлиш некој од бар е ако е претерано пијан и ако е доволно пијан за да не сфаќа дека малтретира девојки, општо околината или гледа да започне тепачка. Сето ова исфрлање мора да биде внимателно изведено, и без никакво насилство затоа што ризикуваш да те тужат.
Две работи околу шанкерската работа: Прво, секој ќе ти згреши нарачка од време на време, без разлика колку си искусен. Едноставно се случува. Второ, нарачката што секој шанкер мрази да ја прави (репертоарот на нарачки во Њујорк е малку поразличен од регуларните чисти пијачки) е Long Island Iced Tea, затоа што има многу состојки и затоа што го нарачуваат или луѓе кои планираат да се опијат кај тебе на шанк или дојдени се веќе пијани.
Низ целиот разговор двајцата се согласни дека нема полоши муштерии од богатите, на второ место се туристите, посебно Европејците, затоа што "не се научени да оставаат бакшиш." Исто така прилично тешка вечер е ако барот има диџеј што пушта некаква електронска музика, не заради диџејот, туку заради гостите кои доаѓаат на него.
Што се однесува со дрогите, на сите им е јасно дека ги има во баровите и никој не им се меша на луѓето, се додека се трудат сето тоа да биде дискретно "ако почнеш да правиш линии на барот пред сите тогаш имаме проблем." И да, сите знаат кога некој гостин е на некаква дрога.
"Тие што се на екстази само нарачуваат вода цела вечер. Тие што се на печурки се оние што знаеш дека се на нешто ама не можеш да утврдиш што е. Со кокаинот е малку потешко, бидејќи луѓето можат да станат зборливи и агресивни и само ако се на алкохол," објаснува шанкерскиот џомба.