Канада во обид за помирување со староседелците

Во последниве 30 години во Канада има речиси 1.200 убиства или исчезнувања на домородни жени кои воопшто не се решени. За да не остане така, Трудо вети 40 милиони долари (канадски) за решавање на овие случаи, што го најави како "тотално обновување" на врската со староседелците.

Ова е барање за кое староседелците водеа кампања во последните пет години, меѓутоа константно беше одбивано од претходната влада на Стивен Харпер.

Во следните два месеца владата ќе собира податоци од семејствата на жртвите, за да може да создаде комплетна слика и параметри за истрагата, која се очекува да започне некаде во пролет. Проектот треба да трае 2 години и за него се одделени 40 милиони долари.

Домородните жени претставуваат 4% од женската популација на Канада, меѓутоа 16% од сите убиени жени во земјата.

Главниот проблем од кој се произлезени овие 1.200 случаи е самата позиција на староседелците во Канада, кои се една од групите со најниско ниво на образование, а меѓу првите по бездомност и сиромаштија, "што ги прави жените од нивните редови посебно ранливи на насилство."

9 декември 2015 - 11:49