Колку сте блиску да бидете просечен жител на ЕУ?

Статистички профил на еден просечен жител: колку е стар, колку луѓе има по дома и дали домата е негова, дали живее на град или на село. Ако работите во администрација, штиклирајте поен. 

Возраст: 42.2 години

После Јапонија, ЕУ забележува најбрзо стареење на својата популација. Денешната просечна возраст од 42,2 години е за 6 години повеќе отколку пред две децении. Ирска е најмлада (36) а Германија најстара (45.6 години). Најбрзо старее Литванија, најбавно Шведска.

Брачен статус: Венчани

Над 7 од 10 семејства во ЕУ се венчано регулирано двојки, со или без деца. Бракот е најчеста форма на живеење во Кипар а најретка во Естонија. 16% семејства се со еден родител а 12,6 проценти се заедници од тн "консензуални парови".

Колку луѓе збира дома: 2,4 лица

Бројката е непроменета уште од 2005-та година. Најголема гужва по дома им е во Хрватска (со 2.8 лица под покрив) а најнизок просек имаат Германија и Шведска, таман по двајца. 

Колку се жиивее во објекти изградени во периодот 1946-1980

4 од 10 домови во кои живеат Европјани се изградени по војната а пред 80-та. Романија има најстара градба за живеење (59.1 % од објектите се во овој период) а Ирска најнова (22.9 проценти). Најголем просек на објекти постари од 1946-та има велика Британија.

Поседување на домот

70 проценти се сопственици, 30 посто се кираџии. Во Романија, Литванија и Словачка над 90 проценти од луѓето живеат во своја дома. Најмногу кираџии има во Германија 47.4%).

Живеат во град

Најголем дел од луѓето во ЕУ живеат во градови (41.6 посто), 31 процент се во мали места и предградија а 27.5% во рурални области. 

Најградска е Малта (89%) а на другата страна е Луксембург (само 14.5% луѓе живеат во градот). Степенот на урбанизација во ЕУ опаѓа

Работат во јавна администрација

Секторот кој опфаќа класична државна администрација, обрана, образование, здравство и социјални служби е најпопуларен поединечен сектор меѓу европските домордци. 25 проценти од луѓето кои се родени во ЕУ биле дел од овој сектор, велат последните податоци за оваа област од 2011-та година.

28 декември 2015 - 15:40