Нова претстава за сите типови смрт кај Бардот

Колку (и како) убива Шекспир?

Во претходен видео есеј ги пребројувавме мртвите кај Тарантино - импресивна трицифрена бројка, главно застрелани и искасапени луѓе. Но ако мислите дека насилството е карактеристика на современата уметност, се лажете. Еве од што сè умираат ликовите на Шекспир.

 

„Питава" го претставува бројот и причините за смрт на ликовите на Бардот, кој нив ги убивал главно (и некако логично) во трагедиите. Умирачки и убиства на сцена во Шекспировите драми има вкупно 74, односно 75 ако ја броиме и црната мува убиена во Титус Андроникус.

Британската театарска трупа Спајманки сега подготвува претстава-компилација на сите овие пресечени глави, труења и колења во претстава под наслов „Комплетната смрт" (Complete Deaths). Режијата е на Тим Крауч а ја изведуваат четворица актери кои се познати по нивните инаку комични улоги. Премиерата се планира за фестивалот во Брајтон во мај 2016.

Некои од видовите смрт претставени на дијаграмот се:
- каснување од змија (1 случај)
- ослепување (1)
- труење (4)
- колење и истовремено труење (3)
- закопување до глава во песок и прегладнување (1)
- накажување и потоа палење (1)
- бесење (2)

Од најбизарните ја издвојуваме:
- Испечен во пита (од Титус Андроникус)

Од најчестите:
- прободување (30)

А во чест на гушењето со перница во Отело, повторно ја објавуваме оваа фотографија - оној којшто го смислил името имал навистина необична смисла за хумор 

22 декември 2015 - 08:56