За да не биде само верглање во празно, истите што го поставуваат прашањето, го исполепија Париз со реклами во кои се исмеваат корпоративните спонзори на конференцијата.
Протестот е организиран од уметничкиот проект Брандализам, и генерално поентата му е да покаже дека "зелениот имиџ не значи многу." Како пример тие го даваат Фолксваген кој на Дау Џонс индексот за одржливост е рангиран како најодржлив (во однос на екологија и загадување) производител на автомобили. Компанијата веднаш беше тргната од индексот по скандалот во октомври.
Во кампањата има вкупно 600 вакви постери. Дел од нив ја нагласуваат иронијата дека компании како Ер Франс - дел од индустријата која е еден од најголемите загадувачи во светот - се спонзори на самитот за климата.
"Овие компании кои се дел од проблемот, во дебатите за климата сакаат да се претстават себе си како дел од решението.
Се додека претставените решенија радикално не се навратат на клучните проблеми, и наместо тоа нудат и развиваат споредни промени, тие нема да ги дадат неопходните одговорите на климатските промени и ќе останат одлуки базирани на профит," објаснува еден од уметниците на Брандализам, (под псведоним) Бил Постерс.
На проектот работат околу 80 улични уметници, а меѓу темите на постерите не се само брендовите и компаниите, туку и некои од светските лидери, како Дејвид Камерон, Шинзо Абе, Обама и ќерка му, и општи пораки дека сме при крај.
Дел од постерите: