По неколку години подготвување и две недели непрестајни преговори, меѓусебни компромиси и ценкања, судбината на целиот договор од Париз во саботата се сведе на еден единствен збор.
Во однос на тоа како што можеше да заврши, ова е чудо. Во однос тоа како требаше да заврши, ова е катастрофа, пишува колумнистот на Гардијан, Џорџ Монбио.
Еден поинаков пристап на преговорите во Париз за спасување на човештвото тргнува од тоа: какви се шансите за средување на климатските промени кога очајничкиот последен обид да се направи нешто е спонзориран од енергетски компании и авио-превозници?
Официјалното име на конференцијата е "United Nations Framework Convention on Climate Change twenty-first session of the Conference of the Parties and the eleventh session of the Conference of the Parties serving as the meeting of the Parties to the Kyoto Protocol," наслов кој сосема оправдано ги заслужува сите 22.000 илјади официјални претставници кои ќе се соберат во Париз.