Во тесната временска рамка во која се случија преговорите, драфтот од климатската конференција на ОН во Париз е голем успех. Олеснувањето и себе-честитањето со кое беше проследен последниот текст, го признава неуспехот на Копенхаген од пред 6 години, каде преговорите со тек на време се распленија, за подоцна и да колабираат. Парискиот договор се уште чека формално изгласување, меѓутоа неговиот лимит за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, по долгогодишно одбивање на ова барање, може во овие рамки да се смета како победа. Во оваа смисла, конечниот текст е многу посилен од она што најголем дел од луѓето очекуваа.
Надвор од оваа рамка сето ова изгледа многу поинаку. Се сомневам дека преговарачите веруваат дека глобалното затоплување како резултат на овие преговори нема да ја надмине границата од 1,5 степени. Како што признава преамбулата на овој договор, дури и 2 степени затоплување, соочена со слабите ветувања што владите ги донесоа со себе во Париз, е многу амбициозна. Иако прифатена од некои нации во знак на добра волја, вистинските резултати веројатно ќе не доведат до нивоа на влошување на климата кои ќе бидат опасни за сите и смртоносни за некои. Нашите влади зборуваат дека не сакаат да им натоварат долгови на следните генерации. Ама тие само што се согласија да им остават на идните генерации многу поопасно наследство: јаглерод-диоксидот произведен од континуираното горење на фосилните горива, и долгорочните последици што ова ќе ги наметне врз глобалната клима.
целата колумна тука / целиот текст на договорот од климатската конференција тука