Зошто ќе гласам за Доналд Трамп

Одговорот е од една онлајн дискусија на прашањето до луѓето што го поддржуваат Доналд Трамп за претседател (кои веќе станаа сериозна бројка на сите анкети): кои се вашите главни причини што го поддржувате и околу што се сложувате со него?

Последниве 30 години живеам надвор од Вашингтон Д.Ц. и веројатно уште од администрацијата на Буш постариот доста внимателно следам политика, и станав прилично разочаран од двете партии. Во основа секој кандидат што го добиваме од која и да е страна ги има истите недостатоци, недостатоци кои Трамп, и покрај тоа што има многу сопствени мани, не ги дели со нив.

Прво, секој политичар е корпоративна курва. Законите за финансирање кампањи постојат за да бидат супер матни, да ги држат на страна третите партии, и да сокријат од каде им доаѓаат парите на политичарите. Ние легитимно не знаеме на кого нашите лидери му должат услуга, обично на многу луѓе, и ова дефинитивно влијае на политиката. Со Трамп точно знаме од каде му доаѓаат парите, ќе биде многу потешко за некој лобист да го манипулира Трамп. Ова го гледаме во неколку идеи кои ги предлага, како на пример промена на даночните закони за затворање на дупките во нив кои одлично ги знае бидејќи и сам ги користел со децении.

Второ, ако размислуваш за карактеристиките што ги имале добрите лидери, од историската фигура од која се воодушевуваш до некој голем тренер или шеф што навистина си го сакал, типично овие ликови се директни и искрени со луѓето, кажуваат што им е на ум и стојат зад тоа во што веруваат, тие се отворени кон други мислења но непоколебливи во своите ставови. Мислам дека карактеристиките кои се неопходни за да бидеш политичар се спротивни на сето ова. За да бидеш успешен политичар треба да ги криеш твоите вистински размислувања и мотивите кога тие се контроверзни и наместо тоа на луѓето да им го дадеш она што го бараат, тешките одлуки мора да ги избегнуваш како чума и да се залагаш за она за кое никој не се противи. Само види ги политичките дебати, никој не одговара на какво било прашање, само зборат и зборат и ништо не кажуваат. Трамп изгледа како да го кажува она што го мисли. Тој изгледа искрен, дури и кога тоа што го зборува е прилично чудно. На него не му гајле ако на луѓето не им се допадне тоа што тој го кажува. Тој ги одговара овие прашања на дебатите, и тоа е прилично освежувачко.

Всушност ќе одам до таму да тврдам дека Трамп е слободоумен. Тој беше Демократ, сега е Републиканец, се уште доста либерален по голем број прашања. Тој беше на Комеди Централ да го "пржат" и фер го издржа тоа. Тој очигледно е способен да се смее на самиот себе, што покажува дека тој е свесен дека во одредени моменти не бил во право.

Не мислам дека е расист, иако дефинитивно е повеќе загрижен за тероризмот отколку што јас мислам дека е потребно. Дефинитивно е шупак, ама мене тој не ме занима да ми биде другар. Џорџ помладиот изгледаше како вистински фин човек и изврши инвазија на две држави, Обама изгледа како вистински фин човек, па шпионирањето на НСА и нападите со дронови се на највисоки нивоа на сите времиња. Можеби тоа што си фин човек и не е толку важно за водење на една држава.

Трамп во последно време доста пати беше жртва на "те фативме" новинарство и погрешно цитирање или цитирање надвор од контекст, и мислам дека на луѓето не им е јасно за што тој точно се залага. Тој верува во некои чудни срања, ама не е сето тоа така лудо како што се претставува. На пример неговите изјави кои во последно време се појавија на насловните страни беа на големо погрешно пренесени. Тој беше запрашан специфично за способноста на ИСИС за онлајн регрутација и тој зборуваше за чекорите што би ги презел во обид да го ограничи тоа. Од она што го кажа, на мене ми беше јасно дека тој не се разбира многу околу интернет, ама за мене она што тој го рече околу тоа дека "ќе седне со Бил Гејтс", што тука беше на големо исмевано, е прилично јасно во контекстот на прашањето, дека тој сакаше да каже дека ќе се сретне со експерти од тоа поле и ќе ги разгледа опциите. Без разлика колку беше исмевано, јас мислам дека тој имаше поента во тоа што го спомна Гејтс. Трамп политички го знае Гејтс, и колку е тој либерал, и мислам дека тука имплицираше дека станува збор за над партиски проблем и покажуваше каков пристап би имал. Трамп знае дека Бил Гејтс е последен човек на Земјата кој би сакал да се филтрира интернетот и да се ограничат слободите, тоа е поентата на споменувањето на неговото име. Јас сум далеку повеќе загрижен од слични изјави, од многу подобро информирана позиција, што Хилари и Обама веќе ги дадоа во врска со слободите и шпионирањето на интернет.

TL:DR/сиже: И покрај ова не може да се каже дека Трамп не е човек со многу недостатоци, и јас не можам да тврдам дека Трамп стварно би бил одличен претседател. Секако не мислам дека може да победи, но ми се допаѓа она што го донесе во изборниот процес. Тој на дебатите го кажува она што го мисли, искрено одговара на прашања, зазема позиции, и прозива луѓе. Тој исто така е чист на некој чуден начин кога ниту еден политичар не е, бидејќи тој е еден од оние кои во минатото купуваа политичари. Мислам дека ако Трамп успее да истурка доволно далеку, неговиот успех има шанси да ја смени политичката клима во земјата и да ги натера кандидатите во иднина да одговараат на прашањата околу вистинските проблеми. Веројатно нема, ама па не мислев ни до тука дека ќе стигне.

извор

12 декември 2015 - 11:19